Македонија

Лондон испраќа воен брод и хеликоптери на Кипар

Најавата на Страмер доаѓа откако пред две дена ирански дрон се урнал врз британската база на Кипар

Британскиот премиер Кир Стармер по разговорите со претседателот на Кипар објави дека Лондон ќе испрати воен брод и хеликоптери со капацитети против беспилотни летала  со што ќе ги засили своите одбранбени операции во регионот.

Најавата на Страмер доаѓа откако пред две дена ирански дрон се урнал врз британската база на Кипар.

„Секогаш ќе дејствуваме во интерес на Велика Британија и нашите сојузници“, рече Стармер.

Одлуката следи по претходниот извештај дека Велика Британија размислува за распоредување разурнувачи од воздушна одбрана тип 45 за да ги заштити базите на британските кралски воздухопловни сили (RAF) таму.

Воениот брод HMS Dragon припаѓа на таа класа разурнувачи и е единствениот брод во британскиот арсенал способен да соборува балистички ракети.

Најнови вести од: Македонија

Самсунг (“Samsung“) ги претстави Galaxy А57 5G и Galaxy A37 5G уредите, со професионални функции по одлична цена

Galaxy A57 5G и A37 5G имаат елегантен дизајн, моќна камера и надградена Awesome Intelligence вештачка интелигенција за да им дадат самодоверба на корисниците во секојдневната употреба

To top