Македонија

Луксузното „Ауди А6“ на Рамиз Мерко вредно 70.000 евра, новиот градоначалник ќе го продаде

Отказ на сите што земаат плата, а не одат на работа

Претседателот на општинската изборна комисија Минир Жута денеска официјално му го врачи уверението на новиот градоначалник на општина Струга Менди Ќура, по што во општинската зграда се изврши примопредавање на функцијата од досегашниот градоначалник Рамиз Мерко.

Ќура на прес-конференција се заблагодари за поддршката и вети дека ќе биде градоначалник за сите граѓани на Струга, без разлика дали го дале својот глас за него и оти веднаш ќе почне со реализација на ветеното. Повтори дека од денеска почнуваат промените во општина Струга.

Тој нагласи дека веднаш потпишал предлог одлука за продажба на службениот автомобил „ауди“ и дека својот приватен автомобил ќе го користи за службени потреби.

– Денеска почнуваме од зборови на дела. Промените почнуват, мојот изборен и среќен број, 133, стои и на таблиците на мојот автомобил, кој од денеска ќе ѝ служи на Општина Струга во наредните 4 години. Исто така, донесовме важна одлука – за сите вработени кои не одат на работа со денови, месеци и со години, а некои од нив работат во странство, од денеска почнува процес на раскинување на решенијата за вработување – рече Ќура.

Како еден од најголемите приоритети го посочи патот Мороишта-Струга, потоа решавањето на проблемот со паркинг местата, комуналните проблеми…

Во врска со проблемот со депонијата во Струга, смета дека ќе се реши со отворањето на регионална депонија што се очекува да се случи во 2026 година. Ќура рече и дека во договор со Владата во наредните денови комуналното претпријатие ќе добие 8.000 канти за смет, како и возила за потребите на претпријатието.

Градоначалникот Ќура најави ревизија за работата на Општината и за сите јавни претпријатија, како и посебни комисии, кои ќе ја евидентираат фактичката состојба на терен.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ е дел од Самитот на ЕПП на кој ќе разговараме за глобалните предизвици, а ние ќе ставиме акцент и на проширувањето на ЕУ

Сите оние постигнувања и реформи коишто изминатите месеци како ВМРО-ДПМНЕ, односно како македонска Влада ги направивме, потенцира во изјавата Мицкоски

(Фото): Пролетна генералка на Скопје, јавните претпријатија на терен

Координирана акција за темелно чистење на сите површини под надлежност на Град Скопје започна денеска во утринските часови. Екипите на сите јавни претпријатија се вклучија во пролетната генералка на Скопје. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски истакна дека ова е јасна порака дека редот, чистотата и грижата за заедничкиот простор стануваат секојдневие.

Морничави детали на судењето за убиството во Штип: Делови од телото и крвавата облека фрлени во контејнери

Во штипскиот Основен суд денеска продолжи судскиот процес против 75 годишниот Денис Асанов, кој е обвинет за убиство на 79-годишната Борјанка Николова. Според обвиниението Асанов се товари за кривично дело „убиство“ извршено при родово базирано насилство на брутален начин. Пред Судот денеска сведочеа роднина на убиената Николова и инспектори од СВР-Штип, кои работеле на случајот.– Во домот на обвинетиот беа пронајдени секира, мотика, тесла, и дрвена рачка, на кои имаше траги од крв. Анализите покажаа дека потекнуваат од женско лице. Во купатилото, ходникот и кујната, откриени се траги на човечко ткиво, а според вештачењето, телото било влечено од дневната соба кон купатилото – рече во својот исказ вработен во СВР-Штип.

To top