Македонија

Љутков: Мораме постојано да ги поддржуваме децата да читаат и да гледаат македонски филмови и серии, да читаат македонска литература!

-Агенцијата за филм во август конечно, ќе распише конкурс за снимање македонски серии, заедно со националните телевизии, но поголемиот фокус ќе биде на играната детска програма. Мораме постојано да ги поддржуваме децата да читаат и гледаат македонски филмови и македонски серии, да читаат македонска литература, да ги субвенциoнираме со ваучари да купуваат книги. Ова ќе биде една од најважните мерки покрај дигитализацијата, современото творештво и поддршката на граѓанскиот сектор како создавач на свежи, нови идеи и критичка мисла, истакна министерот за култура Зоран Љутков.

Претходно, во обраќањето на јавната расправа министерот информира дека со Стратегијата се предвидуваат сет мерки за младите: создавање виртуелен простор за изразување на младите, летни школи за талентирани деца под менторство на етаблирани уметници, обезбедување вредносни ваучери за следење културни настани и купување книги, реализација на капитален проект за издавање книги за деца и млади, како и продуцирање домашна играна или анимирана серија.

-Во средиштето на Стратегијата за развој на културата овојпат се младите, образованието на младото население и нивната вклученост во создавањето и практикувањето на културните вредности. Со сетот мерки што се предлагаат, уверени сме дека ќе влијаеме врз градењето здрава младина која ќе биде носител на позитивните општествени промени. Преку преостанатите планирани активности и мерки содржани во Акцискиот план на Стратегијата, ќе настојуваме да го збогатиме домашното творештво преку откупи на дела, а ќе ја возобновиме и уметничката критика, која е клучен коректив на културните процеси во државата. Ќе го доближиме филмот до домашната публика преку осовременување на киноприкажувачката инфраструктура, подвлече Љутков. (МИА)

Најнови вести од: Македонија

Сиљановска-Давкова им додели сертификати на учесниците на „Охрид камп за високо-технолошка извонредност“

Сиљановска-Давкова порача дека талентот треба да се препознава, негува, стимулира и наградува, а младите да ги „инфицираат“ и другите околу себе со љубов кон знаењето и науката

Премиерот Мицкоски: Нема да прифатиме услови што ги прифати претходната влада

Премиерот Христијан Мицкоски порача дека Владата останува на ставот дека нема да прифати безусловни уставни измени според условите што ги прифатила претходната влада, оценувајќи дека тоа не претставува реформа.

To top