Тема: министер за култура Зоран Љутков

Сиљановска-Давкова: Струшките вечери на поезијата веќе 65 години ги поврзуваат светските меридијани, a Струга е најпоетскиот град на планетава

Струшките вечери на поезијата, поетски дом, кој веќе 65 лета поврзува меридијани, го соединува и обединува светскиот поетски сој со љубителите и почитувачите на убавата реч во старата, но витална Струшка бунтовна република на поетите, кои се борат за подобар и похуман живот. Шест и пол децении сме благословени да бидеме домаќини на мајсторите на јазикот и алхемичарите на мислата, преточувајќи ги во естетика и етика, истакна вечерва од Струга претседателката Гордана Сиљановска-Давкова прогласувајќи ги за отворени 65. Струшки вечери на поезијата.

Љутков од Рим: Делото на Кирил и Методиј е духовен и темел на словенската писменост, а Македонија духовен мост што го чува пламенот на словото

Со концерт на камерниот ансамбл Консонанс во престижниот амбиент на „Хорти Салустијани“ во Рим, свечено беше заокружено годинашното чествување на македонските и сесловенски просветители Кирил и Методиј во рамки на манифестацијата „Македонија во чест на Св. Кирил“. Зоран Љутков, кој беше дел од државно-црковната делегација, истакна дека нивното дело е духовен и цивилизациски темел на словенската писменост, култура и идентитет, пренесе МИА.

Љутков: Мораме постојано да ги поддржуваме децата да читаат и да гледаат македонски филмови и серии, да читаат македонска литература!

-Агенцијата за филм во август конечно, ќе распише конкурс за снимање македонски серии, заедно со националните телевизии, но поголемиот фокус ќе биде на играната детска програма. Мораме постојано да ги поддржуваме децата да читаат и гледаат македонски филмови и македонски серии, да читаат македонска литература, да ги субвенциoнираме со ваучари да купуваат книги. Ова ќе биде една од најважните мерки покрај дигитализацијата, современото творештво и поддршката на граѓанскиот сектор како создавач на свежи, нови идеи и критичка мисла, истакна министерот за култура Зоран Љутков.

To top