Македонија

Мајка Македонија ќе плати, фала што ја ширите македонската култура (ХЕРОЈ НА ДЕНОТ)

Херојот на денот со човечка реакција во знак на благодарност за се што прави за Македонија

Херој на денот за денеска е скопскиот таксист кој во знак на благодарност не му наплатил на познатиот Јанко од Колумбија кој пее македонски песни.

Во моментот кога Јанко со неговата музичка група ,,Вардар Енди” сака да плати за возење со такси во Скопје возачот одбива да ги прими неговите пари.

Таксистот на Јанко му вели дека ,,Мајка Македонија ќе плати за возењето” и му искажува благодарност за промоцијата на македонската култура.

Од видеото не може да се види од која такси компанија е возачот но на возилото се гледа дека е со број 3972.

 

Сопатниците на популарното Јанко и самиот тој не можат да се најдат што им се случува во Скопје.

Видеото од одбивањето на таксистот да земе пари

 

https://www.facebook.com/share/v/1B7xeX2akt/

На линкот од видео каналот на Јутјуб може да се види зошто скопскиот таксист и херој на денот не сака да земе пари од Јанко.

https://youtube.com/@vardarandy?si=qKgyTumS0dzUFG98

 

 

Покрај познатите македонски стари хитови Јанко пее и нови популарни песни како тие на Спасен Силјаноски „Ќе ти дојдам“ и „Велат не нема“ од Влатко Миладиновски.

Честопати тој пее и песни кои се целосно непознати за голем дел од македонската јавност.

 

Колумбиецот по име Јанко Пенафорт, има отворено свој профил на Фејсбук како „Колумбиец пее на македонски“ и со бенд составен Колумбија и Венецуела, свират и пеат македонски песни. Во бендот на Јанко е и неговата мајка која има потекло од Украина.

 

„Јас сум професионален музичар и пејач од Богота, Колумбија. На оваа страница сакам да ја споделам мојата страст за прекрасната македонска музика. Ви благодарам на сите за вашите коментари и споделувања“, вели Јанко.

 

Најнови вести од: Македонија

Илија Андовски привремен администратор на „Алта банка“ АД Битола

Тројца вработени во Народната банка – Илија Андовски, Весна Стојчевска и Марија Тодоровска, се именувани за администратори во „Алта банка“ АД Битола, со што управувањето со банката преминува во рацете на централната банка. Андовски е посебно овластен да ги потпишува одлуките што ќе се носат во периодот на привремената администрација.

Средба на Сиљановска-Давкова со Копман од ЕК: Потребно е забрзување на евроинтеграцијата во услови на блокади

Претседателката на Република Македонија Гордана Сиљановска-Давкова во рамки на работната посета на Брисел денеска оствари средба со Герт Јан Копман, генерален директор на Генералниот директорат за проширување и источно соседство (DG ENEST) на Европската комисија.

To top