Македонија Бизнис

Македонците ќе плаќаат 20 евра за патување во ЕУ наместо 7 евра

Европската комисија објави дека цената на ETIAS системот ќе изнесува 20 евра наместо претходно планираните 7 евра, при што новиот систем за авторизација за патување ќе стапи во сила од последниот квартал на 2026 година. Според објаснувањето на Европската комисија, зголемувањето на цената од 7 на 20 евра се должи на неколку фактори како зголемената […]

Европската комисија објави дека цената на ETIAS системот ќе изнесува 20 евра наместо претходно планираните 7 евра, при што новиот систем за авторизација за патување ќе стапи во сила од последниот квартал на 2026 година.

Според објаснувањето на Европската комисија, зголемувањето на цената од 7 на 20 евра се должи на неколку фактори како зголемената инфлација од 2018 година кога првично беше утврдена таксата, дополнителни оперативни трошоци поврзани со новите технички функционалности на системот

Дозволата ќе важи три години од датумот на издавање.

На имплементацијата на ETIAS ќе му претходи период на подготовка со воведувањето на системот EES од октомври 2025 година. Потоа ништо нема да се наплаќа.

Системот за влез/излез (EES) постепено ќе се воведува на надворешните граници на 29 европски земји во период од шест месеци. Овие европски земји ќе ги воведат различните компоненти на EES во фази, вклучувајќи го и собирањето биометриски податоци, како што се фотографии од лице и отпечатоци од прсти.

Доколку одбиете да ги дадете вашите биометриски податоци, ќе ви биде одбиен влез на територијата на европските земји што го користат EES.

Најнови вести од: Македонија Бизнис

Божиновска: Енергетиката посилен и поиновативен сектор со повеќе жени, да се искористи потенцијалот

Енергетската транзиција не е само технолошки процес, туку и длабока трансформација на работната сила, во која жените мора да имаат еднаква и видлива улога, порача денеска министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, на настан организиран во рамки на проектот ELeVATE (2025–2028), посветен на охрабрување и поддршка на девојки и жени за развој на кариера во секторите на нето-нула технологии, паметни енергетски системи и зелена транзиција.

Министри заедно со градоначалници ќе го убедуваат УНЕСКО за зачувување на статусот на Охридскиото езеро

На средбите ќе бидат потенцирани цврстите заложби на Владата за зачувување на статусот на природното и културното наследство на Охридскиот Регион. Исто така, ќе биде истакнато дека државата воспоставува систем за заштита кој гарантира зачувување на интегритетот и автентичноста на Охридскиот Регион како исклучителна универзална вредност.

To top