Македонија

Македонците од Бугарија го одбележаа роденденот на Вапцаров

Пред споменикот на македонскиот поет во Банско чествуваа од ОМО „Илинден“ – ПИРИН, ОМО „Илинден“, „Толерантност“ итн.

Организации на Македонците од Бугарија денеска одбележаа 116 години од раѓањето на македонскиот поет Никола Јонков Вапцаров.

ОМО „Илинден“ – ПИРИН, ОМО „Илинден“, Комитет за заштита на човековите права „Толерантност“ и други македонски организации во Бугарија положија свежо цвеќе на споменикот на Вапцаров во родното Банско, Пиринска Македонија.

Пред присутните говор за ликот и делото на големиот македонски патриот одржа копретседателот на ОМО „Илинден“ – ПИРИН, Ристо Џипунов.

Чествувањето на роденденот на авторот на вонвременската максима „Ние сме Македонци и нашето творештво треба да биде во служба на македонската кауза“ продолжи со веселба во блиското село Бања.

Иако творел на бугарски јазик, Вапцаров недвосмислено се определувал како Македонец, а поради својата револуционерна дејност е уапсен, четири месеци ѕверски измачуван од бугарската фашистичка полиција и осуден на смртна казна, извршена на 23 јули 1942 година, заедно со уште еден македонски великан Антон Попов во дворот на една софиска касарна.

Најнови вести од: Македонија

Утре е Велика Сабота – ако го испочитувате овој обичај, сè ќе тргне на подобро

Кога е во прашање овој ден, многу православни верници се во недоумица дали се пости или не. Иако саботата важи за ден кога по правило не се пости строго (туку на масло), свештениците велат дека на Велика сабота треба да се пости исто како и на Велики петок (на вода). На Велика сабота не е добро да се оди во лов и риболов, а се забранува и колење на стока и живина.

To top