Македонија

Македонецот Дино Имери со светска премиера и стоечки овации во Германија (ВИДЕО)

Изведени дела од Дамир Имери, Дијана Илкоска и Глигор Смокварски

Македонската музика вечерта во Кармен Вурт Форум во Германија доби стоечки овации. Оркестарот со светско реноме Вурт Филхармоникер, солистиот пијанист Дино Имери и диригентот Клаудио Вандели приредија концерт под наслов „Традиција и Модерна“, на кој беа изведени четири дела од македонски автори: „Ситна Лиса“ во обработка на Дамир Имери, „Рана“ од Дијана Илкоска, „Тешкото“ од Глигор Смокварски и Концертот за пијано и оркестар од Дамир Имери. Автентичен печат даде и учеството на Ратко Даутовски на тапан.

Германската критика го оцени настапот како „вистински македонски чуда за ушите“.

Делото „Рана“ доживеа светска премиера. Критичарот Андреас Дене од водечкиот регионален весник „Хајлбронер Штиме“ забележа дека во него „музиката го објаснува она што не можат зборовите“, а изведбата ја оцени како „доведена до совршенство од страна на звучното тело на Вурт Филхармоникер“.

Претставувајќи го концертот, главната директорка за култура во Вурт, Силвија Вебер, рече: „Ништо вообичаено не нѐ очекува вечерва, оние кои го ценат исклучителното се на вистинското место – тука.“

„Ситна Лиса“ беше опишана како „мост помеѓу чистата природа на фолклорниот мелос и експресивната моќ на големиот симфониски оркестар“, додека „Тешкото“ донесе френетичен климакс и експлозивен пик.

Централно место во првиот дел имаше Концертот за пијано и оркестар од Дамир Имери. Неговиот син, Дино Имери, покажа „техничко совршенство кое буквално Ви го одзема здивот.

Неговите прсти летаа по клавијатурата со леснотија како од игра, додека ансамблот со преку седумдесетина музичари од филхармонијата динамично го поддржуваа низ комплексните ритмички пластови.

Три става, три звучни светови – драматичниот наплив, лирската интроспекција и џезерската слобода поминуваа низ емотивно превирање. Дино Имери ги обликува овие транзиции со силно присуство, а продолжените аплаузи тоа го потврдија.“

Вториот дел беше посветен на Морис Равел. Оркестарската суита „Мојата мајка Гуска“ го отвори светот на бајките, а Концертот за пијано и оркестар во Г-дур ја кулминираше вечерта: „џезираните ритмови блескаат, танцевалните движења ја придвижуваат музиката, а виртуозните пасажи го прават пијаното да сјае.

Во бавниот став се откри мелодија со таква интимност што прави да се чувствувате како некој да Ви кажува мисла која си ја чувал за себе долго време.“

Дино Имери се опрости од публиката со два биса: „Мак Олуја“ и „Ревиско Оро“ од Милан Завков (во аранжман за пијано од Дамир Имери), по продолжениот громогласен аплауз и стоечки овации.

Шеф-диригентот Клаудио Вандели изјави за македонскиот пијанист: „Дино е исклучителен пијанист кој, како многу малку други, има способност совршено да ја балансира неговата спектакуларна техничка виртуозност со длабока зрела интерпретација, Ве допира со убавината на звукот и високата поетска музикалност.Тој е огромен уметник кој ја наежува публиката веднаш штом ги допре клавишите.“

Најнови вести од: Македонија

„Н.М.“: Пукнатините во ЕУ се сè подлабоки! Каква доверба во неа треба да има Македонија, чекајќи со години пред нејзините врати?!

Европа сè поретко е на главните маси на кои се носат важните геополитички одлуки, а сè почесто е во улога на набљудувач, коментатор или спореден учесник на настаните. Додека Вашингтон и Москва разговараат за Украина, европските престолнини се обидуваат да најдат заеднички јазик. И самите земји членки на ЕУ ја користат секоја можност пред донесувањето на заедничките одлуки да се осврнат на своите национални потреби како приоритетни, дури и кога станува збор за интереси на целата Унија. Во самата Унија се редат закани со блокади, финансиски условувања и национални калкулации. Каква доверба во таква Европа треба да имаат земјите кандидати што со години чекаат пред нејзините врати? – ова се истакнува во анализата со наслов „Пукнатините во ЕУ сè повеќе се продлабочуваат! “, која е објавена во весникот „Нова Македонија“.

Савески: Јавното обвинителство ќе постапува по секоја кривична пријава поврзана со Алта банка!

„Ќе мора и надлежниот обвинител да ги провери наводите и да преземе соодветни истражни дејства.“ – истакнува државниот јавен обвинител Ненад Савески во интервјуто за емисијата „Клик Плус“ на ТВ21, кое ќе се емитува вечерва во 21:30 часот.

Ѓула Челику: Длабока е болката кога Албанците од „РСМ“ се етикетираат како Македонци, не треба да ја забораваат Албанија без оглед каде живеат!

„Длабока е болката кога Албанците од С.Македонија се етикетираат како Македонци, како да е нашиот национален идентитет административен избор, или прашање, кое другите можат да го одлучат за нас. Но, болката станува уште поголема кога ова негирање е прифатено, поддржано или промовирано од оние, кои треба да го бранат албанството!“ – пишува Ѓула Челику во својата колумна со наслов „Да бидеш Албанка од С.Македонија“, која ја објави информативната агенција на албански јазик „Илирија-ИНА“ од Скопје. Ѓула Челику е доктор по политички науки, професорка во државниот универзитет во Тетово, основач и претседател на политичката партија Европско граѓанско движење во Република Македонија

На 6 декември 2026 Ана и Игор Дурловски на најголем заеднички концерт досега во Македонија: Два светски гласа – еден ЗАВЕТ!

Ќе биде организиран најголемиот заеднички концерт досега во Македонија на двата најголеми оперски гласа кои оваа земја му ги подари на светот – Ана и Игор Дурловски! На 6 декември 2026 година, во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје, Ана и Игор Дурловски ќе ја претстават својата најамбициозна заедничка концертна продукција – ЗАВЕТ. Двајцата истакнати македонски оперски уметници, со меѓународни кариери и настапи на престижни светски сцени, ќе ја поведат публиката на несекојдневно музичко патување – од ремек-делата на класичната и оперската музика, преку незаборавните филмски теми и современите светски хитови, до богатството на македонското музичко наследство.

ВРЕДИ: Бараме оставка на Ахмети! – Тој треба да се повлече од политиката!

„Црно на бело, документите покажуваат дека министрите на ДУИ предлагале и гласале точки на седници на Владата со кои на белградската Алта Банка ѝ се овозможува деловна соработка со државата. Наместо да ги штитат интересите на граѓаните, функционерите на ДУИ отворале врати за финансиски аранжмани и партнерства со банка од Србија. Ова е само уште еден доказ за долгогодишната политичка и деловна соработка на ДУИ со структури поврзани со српските центри на моќ. По сите обиди ваквите информации да се сокријат од јавноста, фактите денес зборуваат сами за себе.“ – нагласува коалицијата Вреди во денешното соопштение.

Бојковска: Ќе има затвор за ширење лажни информации со кои се загрозува банкарскиот систем

Неодговорно и лицемерно однесувањето на опозициската СДС и нивниот претседател, изминатите денови, со кое однесување ширеа страв, хистерија и паника кај граѓаните во услови кога Народната Банка и Владата се обидуваат да најдат најбрзо решение за преземање на Алта банка

Искра Хаџи Василева: Приоритет е борбата против корупцијата и организираниот криминал

Пред Советот на јавните обвинители рече дека првенствено ќе се залага за се ефикасен кривичен прогон, целисходна работа на обвинителството и максимално искористување на расположливите ресурси

Најнови вести

To top