Македонија

Македонија 65. меѓу 143 земји на најновиот индекс на владеење на правото

Од земјите во регионот пред Македонија се Словенија, Хрватска, Косово и Црна Гора, а зад неа БиХ, Албанија и Србија

Македонија останува во горната половина меѓу 143 земји во светот, позиционирајќи се на 65. место на најновиот индекс на владеење на правото за 2026 година што го изработува „World Justice Project“.

Тоа е едно место подолу од минатата година, а две погоре од 2023 и 2024 година, кога беше 67.

Од земјите во регионот пред Македонија се Словенија на 26. место, Хрватска на 47., Косово 49. и Црна Гора на 57., а зад неа Босна и Херцеговина на 60. позиција, Албанија на 91. и Србија на 95. Грција е 47., Бугарија 63. итн.

Скандинавските земји ги запоседнаа првите четири места, и тоа Данска, Норвешка, Финска и Шведска по тој редослед, а во топ-10 се Луксембург, Германија, Нов Зеланд, Ирска, Холандија и Естонија.

На дното е Венецуела, пред неа Авганистан, Хаити, Камбоџа итн.

За одредување на индексот се земаат предвид 8 главни фактори, и тоа ограничување на владините овластувања, отсуство на корупција, отворена влада, фундаментални права, ред и безбедност, проведување на регулативите, граѓанска правда и кривична правда, кои се поделени на вкупно 44 специфични потпоказатели.

Оценката се движи од 0 до 1, а просечната на Македонија е 0,54, колку што има и Аргентина веднаш пред неа.

 

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски за ужасниот напад врз девојката во Охрид: Жестоко го осудувам ова дивјаштво! Сѐ ќе сториме сторителот да одговара пред правда!

Премиерот Христијан Мицкоски упати остра осуда за нападот врз младата девојка во Охрид, изразувајќи поддршка до нејзиното семејство, ветувајќи дека институциите ќе сторат сè сторителот да биде изведен пред лицето на правдата.

Врвни светски експерти предупредуваат дека со уставните измени од 2001 Македонија може да стане „македонско-албанска држава“! (2)

На 16 ноември 2001 година Собранието на Македонија ги прогласи 15-те амандмани на уставот, кои произлегоа врз основа на Охридскиот рамковен договор од 13 август 2001 година. Амандманите 4, 5, 6, 7, 8, 9, 10, 11, 12, 13, 14, 15, 16 и 17 станаа составен дел на највисокиот правно-политички акт на Македонија. Овие 15 амандмани на уставот на Македонија од 16 ноември 1991 година означија длабоки и суштински, би се рекло тектонски промени во уставниот поредок и политичкиот систем на државата. Македонија престана да биде национална држава на македонскиот народ. Првпат во историјата на конституционализмот е сменета една преамбула без да се донесе нов устав. Во новата преамбула, наметната со масивната надворешна интервенција на меѓународниот чинител, беа ревидирани историската меморија и историската вистина за државотворноста на македонскиот народ, потврдена со одлуките на Првото заседание на АСНОМ од 1944 година. И не само тоа: тие уставни промени од 16 ноември 2001 година, нагласуваат уставните и други експерти во своите научни студии, можат да бидат причина во одредени услови сегашното унитарно државно устројство да биде заменето со бинационален државен концепт, македонско-албански.

Пецаков: Најостро го осудувам насилниот настан што го потресе Охрид, ги повикувам надлежните институции да постапат

„Најостро го осудувам насилниот настан што го потресе Охрид во текот на вчерашниот ден. Како личност и како градоначалник згрозен сум, Охрид е згрозен! “ – објави попладнево градоначалникот на Охрид на својот фејсбук-профил во врска со случајот на претепаната и тешко повредена девојка, која била оставена во без свест на улица пред маркет во Охрид, откако, според пријавените информации, била физички нападната од нејзиното момче. По инцидентот, таа итно била пренесена во болница, каде што била задржана на лекување, а осомничениот е приведен. За случајот, полицијата го лиши од слобода 31-годишниот Х.К. од Охрид.

Лиав Оргад и Виолета Ачковска: Уставните измени од 16.11.2001 ја избришаа Македонија како национална држава на македонскиот народ, но и придобивките од АСНОМ! (1)

 На 16 ноември 2001 година Собранието на Македонија ги прогласи 15-те амандмани на уставот, кои произлегоа врз основа на Охридскиот рамковен договор од 13 август 2001 година. Амандманите 4, 5, 6, 7, 8, 9, 10, 11, 12, 13, 14, 15, 16 и 17  станаа составен дел на највисокиот правно-политички акт на Македонија. Овие 15 амандмани на уставот на Македонија од 16 ноември 1991 година означија длабоки и суштински, би се рекло тектонски промени во уставниот поредок и политичкиот систем на државата. Македонија престана да биде национална држава на македонскиот народ. Првпат во историјата на конституционализмот е сменета една преамбула без да се донесе нов устав.

Митевски: Мисирков и кога немавме држава согледа што го дефинира идентитетот на македонскиот народ! Денес се чува неговата идеја!

„Симбол на интелектуалната храброст, на научната посветеност и на стремежот кон македонската национална самобитност. Најдостоинствен начин да го чествуваме Мисирков е неговите идеи да не останат само дел од историското паметење, туку да бидат поттик и инспирација за современата научна и културна дејност.“ – ова се некои од пораките од отворањето на третото издание на манифестацијата „Мисиркови денови“, која годинава е посветена на 100-годишнината од смртта на Крсте Петков Мисирков (1874–1926) – прв кодификатор на македонскиот јазик, славист, историчар, публицист, етнограф и преведувач.

„Н.М.“: Македонските граѓани децидно против „Бугари во Устав“ во замена за „преговори со ЕУ“!

„Францускиот предлог за надминување на спорот меѓу Македонија и Бугарија (влез на Бугари во Устав за почеток на преговори со ЕУ), според истражување на јавното мислење спроведено од три независни агенции, никако не успева да обезбеди поширока општествена поддршка.“ – се нагласува во анализата, која ја објави весникот „Нова Македонија“.

Најнови вести

To top