Македонија

Македонија на второ место во Европа – Висока употреба на социјалните мрежи кај младите на стариот континент

Колку е штетно знае само науката

Социјалните мрежи остануваат исклучително популарни меѓу младите возрасни (16-29 години) во Европа, покажуваат најновите податоци на Евростат и Ofcom.

Според истражувањето, дури 98,3% од младите на Кипар се активни на социјалните медиуми, со што оваа земја го зазема првото место во Европа.

На второ место е Македонија со 97,7%, веднаш пред Чешка и Србија, кои делат третото место со по 97,2%.

Во топ 10 влегуваат и Велика Британија (97,0%), Данска (96,9%), Финска (96,6%), Австрија и Црна Гора (по 96,1%) и Швајцарија (95,8%).

Бугарија се наоѓа на 28. место со 89,4% од младите возрасни активни на социјалните мрежи.На дното од листата се:

Италија (80,3%)
Германија (84,2%)
Луксембург (84,8%)

Просекот во поголемиот дел од европските земји е над 90%, што покажува дека социјалните мрежи се главен дел од секојдневието на младата генерација.
Земјите од Западен Балкан и Источна Европа покажуваат особено висока пенетрација, додека некои западноевропски земји како Германија и Италија се под просекот.

Податоците укажуваат на континуиран тренд на висока дигитална поврзаност кај младите, што отвора прашања за влијанието врз менталното здравје, информираноста и дигиталната писменост.

Најнови вести од: Македонија

Почина Волф Ошлис, амбасадорот на македонската кауза: Ако Европа ја изгуби Македонија, ќе се изгуби и себеси!

На 30 август 2026 година германските научни платформи објавија потврдена вест, која е повеќе од тажна за македонскиот народ и Република Македонија: уште на 18 август 2026 година почина професор доктор Волф Ошлис, германскиот и европски македонист со непроценливо значење на неговиот политичко-јазичен македонистички ангажман за македонскиот народ и јазик, за одбраната на националната, идентитетска, јазична, културна и историска засебност и самобитност на Македонците наспроти сите нивни негирања како народ. Неговата реченица: „Нема ништо полесно отколку да бидеш пријател на Македонија. Јас сум тоа од 1975 година…“ ја одразува неговата длабока професионална, но и лична, чувствена врска со македонската кауза, со Македонците и Македонија

Легендарниот македонски војвода Александар Турунџе пред да си стави јамка на вратот на 30.8.1905: Македонија ќе биде слободна!

„Личната трагедија на македонскиот револуционер, ајдутин, четник и војвода Александар Турунџев, кој е предаден на турските власти за 150 златници од свој сонародник, по што бил обесен на Ат-Пазар во Битола на 30 август 1905 година, освен што е симбол на она што многу често провејува низ македонската историја – предавството, многу повеќе е национален херој и симбол на борбата за слобода на македонскиот народ.Погубувањето на Турунџев се одвивало пред бројни сведоци, меѓу кои и неговата сопруга и нивните две малолетни деца, ќерка и син, кои биле принудени немо да го гледаат испуштањето на последниот здив на својот татко.“ – објави Македонската информативна агенција – МИА.

Штип е без вода: Филтер станицата исклучена, поради крајно големата заматеност од синоќешното невреме

Градот Штип од 14 часот е без вода за пиење. Филтер станицата се исклучи од цевководот на хидросистемот „Злетовица“ поради големата заматеност на водата која пристигнува од браната Кнежево, информираше на вонредната прес-конференција директорот на ЈП Исар Штип Александар Арсовски.

ЗНАМ го осудува глорифицирањето на воените злосторства

Движењето ЗНАМ најостро ги осудува воените злосторства случени на поранешните југословенски простори, вклучувајќи ги и хашките случаи во Македонија од 2001г., и секој обид за нивна глорификација, релативизација или оправдување

To top