Македонија

Македонија најнапредна во реформската агенда од сите во регионот, затоа ЕУ ѝ додели најмногу пари – 65,7 милиони евра!

Македонија доби најмногу пари од кандидатите за ЕУ. Европската комисија денес стави на располагање 49 милиони евра за Албанија, 44,2 милиони евра за Црна Гора и 65,7 милиони евра за Македонија од „Програмата за реформи и раст“. Ова следува по третото барање за исплата и позитивната оценка на Комисијата за спроведените реформски чекори во областите на деловната конкурентност и иновациите во Албанија и Црна Гора, како и образованието и дигитализацијата во Македонија. Со ова Европската комисија ја испрати една од најпозитивните пораки за Македонија во последните години, оценувајќи дека земјата покажува сериозен напредок во спроведувањето на реформите поврзани со европскиот План за раст за Западен Балкан. Во документот објавен од Брисел, Македонија практично е издвоена како еден од најподготвените партнери во регионот кога станува збор за исполнување на реформските обврски и користење на европските фондови. Во време кога земјитe-кандидатки за влез во ЕУ се заложници на билатерални спорови, особено Македонија, Европската комисија индиректно порачува дека реформскиот капацитет на Македонија не е спорен.

Од новиот пакет финансиска поддршка во рамките на Планот за раст за Западен Балкан тежок вкупно 158,9 милиони евра, Македонија ќе добие најмногу: 65,7 милиони евра. Притоа, 30,6 милиони евра ќе бидат префрлени во државниот буџет, додека останатите фондови ќе бидат достапни за инвестициски проекти преку Инвестициската рамка за Западен Балкан. Станува збор за механизмот „Reform and Growth Facility”, тежок 6 милијарди евра, преку кој Европската Унија сака да го забрза економското приближување на Западен Балкан кон европскиот пазар. За разлика од претходните инструменти, овој механизам е строго условен: парите се исплаќаат само ако државите навистина ги реализираат реформите што ги ветиле. Токму тука Македонија добива високи оценки, бидејќи според анализите на Европската комисија, македонската реформска агенда е меѓу најструктурираните и најконкретните во регионот.

Дополнителна тежина на позитивните оценки им дава и фактот што Европската комисија деновиве одобри нов пакет финансиска поддршка во рамките на Планот за раст за Западен Балкан, при што Македонија се најде меѓу трите држави што успешно ги исполниле условите за нова исплата. Станува збор за пакет вреден 158,9 милиони евра за Македонија, Албанија и Црна Гора, што Брисел го толкува како доказ дека овие земји покажуваат конкретен напредок во реализацијата на реформските обврски. Од овие пари, 65,7 милиони евра се наменети за Македонија, при што 30,6 милиони евра ќе бидат префрлени во државниот буџет, додека останатите фондови ќе бидат достапни за инвестициски проекти преку Инвестициската рамка за Западен Балкан. За споредба, Албанија ќе добие 49 милиони евра, додека Црна Гора 44,2 милиони евра.


За Македонија, ова е уште еден сигнал дека европските институции ја сметаат за една од поуспешните држави во регионот кога станува збор за техничката и институционалната подготовка на реформите. Во Брисел посебно се нагласува дека реформската агенда на Македонија опфаќа 37 клучни реформи и 136 конкретни мерки, распоредени во области како владеење на правото, јавна администрација, енергетска транзиција, дигитализација, борба против корупцијата и развој на приватниот сектор. Европската комисија уште минатата година официјално ја одобри македонската програма, што ѝ отвори пристап на земјата до стотици милиони евра европски средства.

Особено значајно е што Македонија беше меѓу првите држави од Западен Балкан што почнаа да добиваат пари од новиот европски инструмент. Според податоците поврзани со имплементацијата на Планот за раст, Македонија да добие околу 750 милиони евра до 2027 година, а првите исплати веќе се реализирани. Во европските анализи се забележува дека македонските институции покажале поголема подготвеност од дел од соседните држави кога станува збор за техничката подготовка на реформите. Тоа е важно бидејќи во Брисел сè повеќе доминира ставот дека проширувањето нема да се води само од политички ветувања, туку од конкретни резултати и мерливи реформи.


Практично, Европската комисија испраќа сигнал дека Македонија може да стане пример за тоа како една кандидатска држава може да напредува дури и во сложена политичка атмосфера. Но, документот носи и предупредување. Европската комисија јасно наведува дека целиот механизам е „performance-based”, односно дека секое доцнење или блокада на реформите може да доведе до замрзнување или губење на европските пари. Брисел веќе предупреди дека дел од државите од регионот ризикуваат да изгубат стотици милиони евра ако реформите не се реализираат навреме. За Македонија, ова отвора и една поширока политичка димензија. Во период кога европските интеграции често се заложници на билатерални спорови и блокади, Брисел очигледно сака да ја награди техничката и институционалната подготвеност на државите што реално работат на реформите.

Со други зборови, Европската комисија индиректно порачува дека реформскиот капацитет на Македонија не е спорен. Во исто време, реформската агенда е тесно поврзана и со економскиот интерес на граѓаните. Планот за раст има амбиција постепено да ги интегрира државите од Западен Балкан во делови од европскиот единствен пазар уште пред формалното членство. Тоа подразбира побрзи плаќања, полесна трговија, подобра транспортна интеграција, дигитален пазар и постепено отворање на европските економски механизми за регионот. Токму затоа позитивните оценки за Македонија имаат поголема тежина од класичен дипломатски комплимент. Тие се индикатор дека земјата во моментов е перцепирана како еден од посериозните кандидати во рамките на новата европска стратегија за Западен Балкан. А во услови кога ЕУ бара успешни приказни од регионот, Македонија очигледно се обидува да се позиционира токму како таков пример.

Најнови вести од: Македонија

Скопскиот е најбрзорастечки меѓу аеродромите во екс-Југославија, 360.589 патници повеќе во споредба со истиот период лани

Македонија беше најбрзорастечкиот пазар во поранешна Југославија, со додадени 375.766 патници во текот на првите пет месеци од годината, пишува порталот „Екс-ју авиејшн“.

Директорката на „Комуналец“ Асани тврди: Епидемијата во Гостивар не е од загадена вода, туку од храна и високите температури!

Директорката на Јавното претпријатие „Комуналец“ од Гостивар одговорно за градската водоводна мрежа Артана Асани во изјава за „Телма“ вели дека зголемениот број на заболени лица во Гостивар не е поради загадената вода. Таа ги негира информациите на надлежните институции кои ја забранија водата за пиење во Гостивар поради сомневање дека таа е загадена и е извор на епидемијата која се шири во градот. Асани вели дека „меѓу заболените има и лица кои пиеле само флаширана вода“ и според неа „причина за заболувањата на над 1200 граѓани се храната што ја јаделе или високите температури“.

Уапсен А.М.Б. (41) од Англија, мавал со камења кон даночни контролори кај „Камени кукли“, сопруг е на кратовката, која го узурпираше јавниот локалитет, барајќи пари за влез

Основното јавно обвинителство Куманово поведе постапка против 41-годишен британски државјанин поради сомнение дека го сторил кривичното дело „Спречување службено лице во вршење службено дејствие“, соопшти Обвинителството. Вчера околу пладнето полициски службеници од ОВР Кратово го лишиле од слобода А.М.Б. (41) од Велика Британија. Јавноста пред неколку месеци сведочеше за случајот во кој токму на овој локалитет, жената од Кратово нелегално барала наплата на влезници, узурпирајќи го јавниот локалитет. Британецот е сопруг на оваа кратовка.

Мицкоски: На 15 јули на ЕУ ѝ е доставен документ со целосно исполнети обврски! – Реформите продолжуваат и покрај блокадите на изборниот закон!

Премиерот на Република Македонија Христијан Мицкоски соопшти дека на 15 јули на Европската Унија ѝ е доставен документ со целосно исполнети и означени обврски, со што, како што вели, уште еднаш покажавме дека реформскиот процес го водиме одговорно, транспарентно и со јасна посветеност кон исполнување на европската агенда.

Сомнежи на полицијата: ЈП „Водовод“ и општина Гостивар со три пумпи вбризгувале отпадни води во гостиварскиот водовод и го загрозиле здравјето на граѓаните!

Инспектори од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар, вчера попладне постапувајќи по насоки на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар, презедоа итни мерки и активности на терен во село Вруток, поради сомневање за загадување на водата со која се снабдува градот Гостивар. – Постојат основи на сомневање дека Јавното претпријатие „Водовод“, во соработка со Општина Гостивар, поставило три пумпи во корито на истечни отпадни води, преку кои се вбризгувала вода директно во главниот цевковод што го напојува градот. Оваа активност најверојатно била преземена со цел да се зголеми притисокот во мрежата поради недостиг на питка вода, со што директно се загрозува здравјето на граѓаните на Гостивар, информира портпаролот на СВР Тетово, Фатмир Реџепи.

Банов: Ревизорите за 2024 година, утврдиле дека ПОЦ отпишала над 3 милиони денари долгови

ВМРО-ДПМНЕ денеска побара Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција да отвори предмет по допрен глас за работењето на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“

Манасиевски: Коалицијата СДС-Левица-ДУИ го спречи изборниот закон, за да глумат жртви и да имаат алиби за следните избори, кои историски ќе ги загубат!

„Опозицијата доби бланко-лист за исполнување желби за изборниот закон, но го одбија, за да глумат жртви. Коалицијата на СДС, Левица и ДУИ сметаат дека тоа ќе им донесе политички поен повеќе.“ – соопшти портпаролот на ВМРО ДПМНЕ Валентин Манасиевски.

Најнови вести

To top