Македонија

Македонија пред нова шанса за ЕУ, првите луѓе бараат брз прием на нови членки

„Проширувањето мора да остане засновано на заслуги, но во сегашниот контекст треба да го забрзаме темпото“, рече Калас.

Европската унија мора да го забрза процесот на проширување и да ги вклучи новите членки побрзо, порача високата претставничка за надворешна политика и безбедност на ЕУ, Каја Калас, на годишната конференција на дипломати на Унијата во Брисел.

„Проширувањето мора да остане засновано на заслуги, но во сегашниот контекст треба да го забрзаме темпото“, рече Калас.

Таа го опиша проширувањето како „противотров на рускиот империјализам“ и како доказ дека „најамбициозниот мултилатерален проект во историјата, Европската унија, е тука за да остане“.

Оваа изјава доаѓа во време на интензивни дебати меѓу Европската комисија, која се залага за брзо проширување, и дел од националните престолнини кои претпочитаат постепен и претпазлив пристап. Минатата недела, на вечера со амбасадорите на ЕУ, шефот на кабинетот на претседателката на Комисијата, Бјорн Зајберт, се обиде да протурка идеја за прием со ограничени привилегии, но таа беше отфрлена.

Калас ја поддржа геополитичката димензија на проширувањето, како што ја промовира Урсула фон дер Лајен – дека тоа не е само бирократски процес за исполнување критериуми, туку стратешки избор за проширување на областа на мир, стабилност и просперитет. Таа се повика на податоците од Евробарометарот кои покажуваат широка јавна поддршка за проширување на Унијата од 27 члена, но предупреди дека „од нас зависи дали ќе продолжиме да ја раскажуваме таа приказна“.

Висок дипломат на ЕУ истакна дека земјите-членки ќе сторат сè за да го одржат процесот на вистинскиот пат, и покрај разликите меѓу Советот и Комисијата. Во фокус се следните три претседателства на Советот на ЕУ, со цел да се завршат преговорите со Украина до крајот на 2027 година, иако целосното пристапување може да потрае подолго.

Сепак, перспективата за прием на Украина предизвикува загриженост кај некои лидери поради можните политички последици – особено зајакнување на крајно десничарските партии пред изборите во Франција, Финска и други земји следната година.

На истиот собир, претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, постави остро прашање за иднината на надворешната политика на ЕУ: дали системот базиран на консензус и компромис е „повеќе помош или пречка“ во денешната геополитичка реалност.

Таа ја искористи можноста да ја критикува сегашната структура на одлучување, која бара едногласност од сите 27 земји-членки, што често доведува до блокади – како неодамнешниот случај со Унгарија која го одложи заемот од 90 милијарди евра за Украина, иако сите лидери претходно се согласиле.

„Итно треба да размислиме дали нашата доктрина, нашите институции и нашето донесување одлуки – сите дизајнирани во повоениот свет на стабилност и мултилатерализам – ги следат со иста брзина промените околу нас“, рече фон дер Лајен.

Таа инсистираше дека ЕУ ќе го обезбеди заемот за Украина „затоа што нашиот кредибилитет, а што е поважно, нашата безбедност, е во прашање“.

Фон дер Лајен нагласи дека кризата на Блискиот Исток, заканите за Гренланд од страна на американскиот претседател Доналд Трамп и војната во Украина се симптоми на пошироки промени, а не само изолирани настани. Таа повика на храбар пресврт: или ЕУ ќе се држи до старите навики кои историјата веќе ги надминала, или ќе избере „поинаква судбина за Европа“.

Најнови вести од: Македонија

Ученици од Крива Паланка освоија високи награди на Државниот натпревар по пијано и хармоника

На 64-тиот Државен натпревар на ученици во основното музичко образование, што се одржа на 6 и 7 април 2026 година во Скопје, учениците од основното општинско училиште „Св.Јоаким Крчовски” постигнаа високи и резултати во двете дисциплини: пијано и хармоника

ТАВ Македонија дванаесетта година по ред донира пакети со храна и хигиенски средства на семејства во социјален ризик од Општина Илинден

Во  пресрет на христијанскиот празник Велигден, компанијата донира пакети со храна и хигиенски средства за 37 семејства од оваа општина, кои живеат во социјален ризик

(Фото): Избрани Ана Митреска и Игор Величковски за вицегувернери на Народна банка

Со изборот на новите вицегувернери се обезбедува непрекинатост во спроведувањето стабилна и кредибилна монетарна политика заради одржување на ценовната стабилност и за поддршка на економскиот развој.

To top