Македонија

Македонска телевизија објави видео од погребот на Душко Чифлиганец

Телевизија Кобра е од Радовиш, градот од каде потекнува семејството Чифлиганец

Илјадници граѓани, од Скопје, неговото родно Радовиш и Раклиш, од Македонија и од други континети, со тага и болка се простија од младиот визионер, спортист и бизнисмени – Душко Чифлиганец, Душко ќе почива во дворот на храмот „Св. Јован Крстител“ во Скопје, чии ктитор е семејството Чифлиганец.

Ова го објавува Телевизија Кобра од Радовиш, градот од каде потекнува семејството Чифлиганец.

 

Посмртните останки на младиот бизнисмен, кој трагично го загуби животот во несреќа со мотоцикл во Чешка, беа изложени вчера во црквата „Свети Јован Крстител“ во скопската населба Аеродром, во близина на мостарските „Близнаци“, објави ТВ Кобра.

Црквата е ктиторство на неговиот татко, познатиот македонски стопанственик и универзитетски професор Ванчо Чифлиганец.

Погребната церемонија започна во 14 часот, а опелото го водеа свештеници на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, предводени од архиепископот г.г. Стефан.

 

 

Семејството Чифлиганец упати јавна благодарност до сите кои во овие тешки денови им изразиле сочувство и поддршка.

 

Трагичната смрт на Душко Чифлиганец, кој беше заменик-претседател на „Адора Бизнис Групација“, силно одекна во јавноста. Тој беше познат по својот професионализам, енергичност и семејните вредности, оставајќи длабока празнина меѓу блиските, колегите и пошироката заедница, објави ТВ Кобра.

Линк до видеото

https://fb.watch/BkJHyMfdN7/

 

Најнова вест

 

Огромна загуба за политичарот кој во земјава е познат како најрадикален противник на Македонија во битката за името

Трагедија во семејството на екс грчкиот премиер Самарас

 

Балканот вознемирен од двојно убиство, еден преживеал, убиецот е во бегство

Најнови вести од: Македонија

(Фото): Градоначалничката Стаменкоска-Трајкоска се сретна со граѓаните од Кисела Вода

Приемните денови се организираат за време на викендот, односно во сабота, со цел да им се излезе во пресрет на граѓаните и да им се олесни одвојувањето време надвор од нивните редовни работни обврски. Отворените денови за средби со граѓаните ќе продолжат да се реализираат со истата динамика и во наредниот период.

(Видео): Партиските притисоци од СДСМ и ДУИ разрешувале судии за еден ден, се одело по насока на Заев, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Она што е клучно е тоа дека повторно добиваме сведоштва за притисокот на СДС и ДУИ, кон правосудните органи. Она кое ние го говориме во јавноста со години, сега веќе и се потврдува. Тие биле оние кои одлучувале кој ќе се апси, а кој ќе се апстрахира од одреден случај. СДС и ДУИ си ја партизираа државата и нејзините институции. ВМРО-ДПМНЕ тоа повеќе нема да го дозволи повеќе. Потребна е одговорност.

Мицкоски јасен: Местото на Македонија е во Европа

Македонија е жртва на булинг од земји членки кои го условуваат евроинтегративниот процес, изјави премиерот Христијан Мицкоски, посочувајќи дека земјата не се вреднува според напредокот, туку според политички услови.

(Фото): Панчевски за СЈО: Во светот можеш се да купиш и бут и врат и кременадла, образ никој не продава

Животот не е 4 години, не е ни 6, не е ни функција, ни власт, животот е долг и полн со искушенија од нечесни луѓе, лажомани и предавници, но полн е и со чесни, искрени и добронамерни кои го топлат срцето. Со овие зборови го почна последниот пост, поранешниот претседател на Кривичен суд, Владимир Панчевски, кој […]

To top