Македонија

Македонска доминација среде Грција

Триумф на македонската мека моќ

Македонски диригент ја крена публиката на нозе на еден од најголемите летни фестивали на Егејот.

Нашиот маестро Андреј Наунов се појави како главен предводник на големиот меѓународен уметнички настан на островот Сирос, каде диригираше со комплетен наш ансамбл, хор и солисти.

На сцената на престижниот историски театар „Аполон“ во Ермуполи се изведоа две големи оперски претстави од ремек-делото „Девојката од Западот“ од Џакомо Пучини, како и спектакуларен симфониски концерт, објави Галама.мк.

Странските критичари не штедат пофални зборови за македонскиот талент, емоција и техничка прецизност со кои нашите уметници се запишаа во историјата на ова 21-во издание на фестивалот.

Ова уште еднаш докажува дека културата и уметноста се нашето најсилно оружје во светот, кое успева да ги премости сите граници и бариери.

Наместо постојано да се наметнуваат теми кои раздвојуваат, токму ваквите настани покажуваат како вистинските вредности ги зближуваат луѓето.

Настанот е уште еден доказ дека ваквите историски уметнички моменти за жал поретко добиваат простор во јавноста во споредба со секојдневните политички случувања.

Фото: Приватна архива / Андреј Наунов

Најнови вести од: Македонија

Јанкуловски: Македонија веќе не молчи пред понижувањата од Бугарија околу македонскиот идентитет и јазик, туку бара почит од неа и ЕУ!

„Понижувањето што го трпиме од соседна Бугарија не е само последица на конфликтот околу нашиот идентитет, јазик и култура. Тоа е тактика во дипломатијата. Но, соочени со очекувањето на нови понижувања и свесни дека тие ќе продолжат, новата власт во Македонија бара почит и достоинство во односите со другите држави, и, секако, со Европската Унија. И, замислете, Македонија веќе не молчи пред понижувањата.“ – нагласува универзитетскиот професор д-р Звонимир Јанкуловски во својата колумна со наслов „Понижување и срам – време за достоинство“, која ја објави информативната агенција „Нетпрес“.

Панов: На оспорувањата на македонската историја не одговараме со зборови, туку со историски документи и проверливи факти

Институтот за национална историја денеска ги промовираше резултатите од проектот проектот „Извори за историјата на Македонија – тематска целина религија“. Оваа колективна монографија е замислена како долгорочен макропроект, структуриран во повеќе тематски целини, насочени кон прибирање и критично проучување на историската граѓа за Македонија, проширување на документарната основа и отворање нови истражувачки прашања. Ова го објави „МКД.мк.“

To top