Македонија

Македонска пејачка 10 години не можела да влезе во Грција (ВИДЕО)

Меѓу тие што се соочиле со грчка забрана за влез се и Сузана Спасовска, екс новинарот Горан Момировски и други граѓани

Македонска пејачка Елена Јовческа 10 години не можела да влезе на територија на јужниот сосед Грција.

Јовческа на подкаст на Сител објаснува зошто не може да разбере кога во Македонија се слави грчката музика и култура а во Грција се забрануваат македонски пејачи затоа што ја промовираат македонската култура и музика.

Таа добила забрана за влез откако пеела македонски песни со македонско знаме во село во Егејска Македонија кое живеат Македонци.

Таа десетина години не можела да влезе а сега кога влегува е под посебни проверки од грчките полицајци.

,,Пеев во Грција со македонско знаме и добив забрана за влез 10 години”, вели Јовческа во подкаст на Сител

Најнови вести од: Македонија

Грчки „патриоти“ ја штитат и Македонија од евентуален напад од Иран

Атина ја презеде заштитата на македонскиот воздушен простор во рамките на НАТО, а на барање на Софија ја штити и Бугарија со распоредување батерија „патриоти“ на северот од земјата и со двојка ловци Ф-16

To top