Македонија

Македонски државјани евакуирани од кризниот регион со помош на пријателска земја

Не се знае точниот број на Македонци евакуирани од ОАЕ со овој лет

Министерството за надворешни работи на Црна Гора информира дека авионот со 138 патници, кој полета од Дубаи, утрово во 11:00 часот по локално време, успешно слетал на аеродромот Тиват.

Летот за евакуација бил извршен благодарение на одличната координација на Владата на Црна Гора со компанијата Fly Dubai и Амбасадата на Црна Гора во Абу Даби, се вели во информацијата од Подгорица.

На овој лет, покрај граѓаните на Црна Гора, имало и граѓани на Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Македонија, Италија, Грција, САД, Турција и Јужна Африка.

Засега не е познато за колку македонски граѓани се работи.

Најнови вести од: Македонија

Грчки „патриоти“ ја штитат и Македонија од евентуален напад од Иран

Атина ја презеде заштитата на македонскиот воздушен простор во рамките на НАТО, а на барање на Софија ја штити и Бугарија со распоредување батерија „патриоти“ на северот од земјата и со двојка ловци Ф-16

To top