Македонија

Македонски државјанин пукал вчера од автомобил кон група луѓе во Егл, Швајцарија – по филмска потера уапсен!

По тежок оружен инцидент, кој се случил вчера, на 5 март 2026 година, државјанин на Македонија бил уапсен во Швајцарија. Според полициските информации, 34-годишниот осомничен, од автомобил пукал кон група луѓе. Потоа уследила вистинска драма низ улиците. Настанот се случил околу 13 часот во индустриската зона на градот Егл. Првичните информации од надлежните укажуваат дека мотивот за пукањето е претходна меѓусебна расправија. Притоа немало повредени лица.

Осомничениот од своето возило испукал најмалку еден куршум во близина на мала група мажи кои стоеле пред јавен локал. Веднаш по пукањето сторителот се вдал во бегство. Две лица од нападнатата група веднаш влегле во автомобил и започнале потера по него сè до местото Бекс, каде што му ја изгубиле трагата.

По губењето на трагата, швајцарската полиција покренала огромна потрага. Македонскиот државјанин конечно бил откриен и уапсен во местото Шател-сур-Бекс. Немал пријавено живеалиште во Швајцарија.

Тамошното обвинителство против него веќе отворило официјална кривична истрага, заради целосно расчистување случајот. Во меѓувреме за 34-годишниот осомничен е поднесено барање за одредување притвор.

Најнови вести од: Македонија

Грчки „патриоти“ ја штитат и Македонија од евентуален напад од Иран

Атина ја презеде заштитата на македонскиот воздушен простор во рамките на НАТО, а на барање на Софија ја штити и Бугарија со распоредување батерија „патриоти“ на северот од земјата и со двојка ловци Ф-16

Лекарите на хартија дежураат без пауза, а за пациентите нема термин ни за лек, можно ли е?!

Министерството за здравство со строги мерки за следење на работата на здравствените работници, со цел обезбедување ефикасна работа и транспарентност. Министерот Азир Алиу најави воведување нов систем за евиденција на работното време преку отпечаток од прст и нагласи дека ќе се преземат законски мерки против институциите и директорите кои нема да ги почитуваат правилата.

To top