Македонија

Македонски Медицински факултет одбил соработка со центар кој дава бесплатна помош за генетско тестирање на деца

Професорот е веќе подолго време во немилост на раководството заради слободното искажување на своето мислење и на своите идеи

Македонски Медицински факултет одбил соработка со центар кој дава бесплатна помош за генетско тестирање на граѓани.

Со тоа десетици можеби стотици македонски граѓани ќе останат без можност бесплатно да направт тестови со кои ќе можат да избегнат здравствени компликации па дури и да спречат болести.

,,Невладината добротворна организација МЕНДЕЛ – ЦЕНТАР ЗА ГЕНЕТСКА ЕДУКАЦИЈА со седиште во Скопје се роди како резултат на одбивањето на Факултетот за медицински науки во Штип да потпише претходно потпишан Меморандум за соработка со меѓународен конзорциум кој работи во подрачјето на овозможување на генетски тестови за луѓе кои не можат финансиски да си го дозволат генетско тестирање, од кој сум дел…”, открива македонскиот и светски генетичар, професорот Тодор Арсов.

Откако Факултетот ја одбил соработката која му била понудена “на тацна” затоа што Професорот Арсов веќе подолго време во немилост на раководството заради слободното искажување на своето мислење и на своите идеи) генетичарот решил да ја основа добротворната организација МЕНДЕЛ.

Оваа организација работи на популаризација на современата генетска наука и едукација околу можностите на генетското тестирање во воспоставување на етиолошка дијагноза на определени ретки болести, и посебно за пациенти и семејства кои имаат ограничен пристап кон ваквиот вид тестови заради финаниски околности…

 

Оваа невладина организација работи и на полето на едукација околу начините на наследување на генетските болести, како и за значењето на резултатите од разните генетски испитувања – во областите на бременоста и пренаталната дијагноза, ретките детски болести, наследните/генетските болести со доцен почеток (кај возрасни) и канцер…

МЕНДЕЛ посредува пристап до бесплатни генетски тестови за ограничен број на случаи годишно каде болеста е со почеток во детската возраст, а пристапот до генетскиот тест е ограничен затоа што пациентот/семејсвото тестот не може да го плати.

Доколку граѓани имаат потреба може да ја контактираат МЕНДЕЛ за доверлива консултација и разговор околу можностите.

Оваа активност на професорот Арсов не е поврзана со медицинскиот факултет во Штип.

Професорот Арсов во македонските и светските медиуми е познат по тоа што со генетски тестови од затвор спаси Австралијка која беше осудена за убиство на своите 4 деца.

Многу глуви во Македонија – Скандалот во МАНУ отвори дебата за научните институции каде владеат ,,византиски” правила

Најнови вести од: Македонија

Македонија воведува најстроги забрани против пушење, казни за граѓаните и до 300 евра

Државата подготвува целосно нов и значително построг Закон за заштита од пушење, со кој драстично се заоструваат правилата за употреба, продажба, рекламирање и промоција на тутунските и никотинските производи.

Деспотовски: Раководството на СДСМ се крие зад името на партијата за лични цели

Јован Деспотовски, член на СДСМ, во своја објава остро го критикува однесувањето на дел од моменталното раководство на партијата, обвинувајќи ги дека го користат името на СДСМ за лични агенди и потреби.

To top