Македонија

Македонскиот Елиот Нес добил закани по живот за себе и семејството

Директор на ВМРО-ДПМНЕ од осудени криминалци добил порака дека следува одмазда што ги ставил во затвор

 

На фотографијата Михаилов е крајно лево

 

Македонскиот Елиот Нес односно заменик генералниот дирекрот на Македонски шуми, Кире Михаилов, на социјалните мрежи објави дека и сега кога неговата партија е на власт  трпи закани по живот.

Михаилов кој прекарот Македонски Елиот Нес го доби по жестоката пресметка со Шумската мафија која започна пк доаѓање на власт на ВМРО-ДПМНЕ открива дека заканите доаѓаат од осудени криминалци кои му порачале дека кога ќе излезат од затвор ќе му се одмаздат за еден ден.

 

„Откако во 2017 година дојде Зоран Заев на власт, поминав неопишливи 6 години!

Невиден терор, закани, секојдневни местенки, психичко тормозирање, казни на работа, казни и уцени на мојот приватен бизнис, отпуштања за мене, мојата фамилија, малтретирање на сите кои се блиски со мене и што ли уште не?!?

Зоран Заев, Марјан Даскаловски и целата нивна “компанија”, железни опинци облекоа за да ми го уништат животот!

Освен секако дел од здравјето, друго не можеа ниту да ми чепнат!

Откако ВМРО ДПМНЕ се врати на власт во 2024 години, за мене секојдневија повторно со закани!

Кој како го фатат, обвинат или затворат вплеткан во некаков криминал во шумарствово наше бандитско, од Берово до Струга, од Струмица до Тетово, проблемот сум му бил јас!

Ајде мајката !!!

Но, бандити непочитувани, јас сум само Заменик Генерален Директор во Македонски Шуми, ниту генерален, ниту некаков министер!

Ако мислите дека сум толку семоќен, јас, дух, секогаш и секаде, во ред е, почестен сум!

Туку, една работа сакам да ја знае јавноста, а уште поважно и Вие и сите слични на Вас, ниту досега, ниту отсега ќе Ви се исплашам, а ова што сум го започнал да го работам, ќе го продолжам со уште посилно темпо, уште пожестоко!

Немојте да мислите дека во оваа битка влегов без да ги знам последиците за се она што евентуално би следело и се она што би ме очекувало?

Немојте да мислите дека во оваа битка влегов неподготвен, напротив, влегов повеќе подготвен и психички и секако од било кога и од било кого?

 

Една работа сакам јавно и кристално јасно да Ви ја порачам Вам и на сите останати, слични на Вас, бандити непрокопсани, поздравот што ми го испративте мене и на мојата фамилија дека “САМО ЕДЕН ДЕН ВИ Е ДОВОЛЕН ДА ИЗЛЕЗЕТЕ НАДВОР ОД ЗАТВОРОТ”, чувајте си го за Вас, мене ниту ме плаши, ниту ќе ме предомисли!!!“, напиша тој.

 

Најнова вест: Владата донесе важна одлука

Следува ли крајот на една мачна ера во правосудството

Владата донесе одлука да се разреши државниот обвинител Љупчо Коцевски, на потег е Собранието

 

Најнови вести од: Македонија

Денеска во Косово ќе се официјализира Вреди како единствена партија – Ќе има два претседатела, Изет Меџити и Билал Касами

„Денеска во местото Преказ, во Косово, во домот на семејството Јашари, се очекува официјалното ракување на лидерите на коалицијата Вреди, што ќе и даде живот како една единствена партија. Концептот на Вреди како коалиција првично беше воспоставен кога влезе во политичката трка за парламентарните избори во Македонија во 2024 година.“ – објавија ТВ Алсат и информативната агенција Илирија-ИНА.

Менкиноски: Со скандалозна одлука Софија ми забранува 10-годишен влез, во обид да ме замолчи како правен застапник на Македонците во Бугарија пред ЕСЧП!

„Адвокатот Тони Менкиноски ќе одржи денес, на 7 март 2026 година, прес-конференција во врска со скандалозната одлука на официјална Софија за 10-годишна забрана за негов влез во Бугарија. Прес-конференцијата ќе се одржи во неговата адвокатска канцеларија во Скопје со почеток во  11 часот и 30 минути.“ – објави утринава Македонската информативна агенција – МИА.

Промовирано македонското издание на книгата „60 икони на Мајката Божја“

Во Музејот на македонската борба за самостојност во Скопје, пред повеќе од 200 гости беше промовирано македонското издание на книгата „60 икони на Мајката Божја“ од француската авторка Аријан де Сен-Марк

Црквата „Св. Атанасиј Велики” под планината Кожуф ќе биде прогласена за споменик на културата

Црквата „Св. Атанасиј Велики“ од 19 век, сместена на падините на Кожуф во гевгелиското село Габрово, ќе биде прогласена за споменик на културата. Одлуката беше донесена на последната седница на Советот на Општина Гевгелија, со што започнува постапката за нејзина заштита и реставрација

Најнови вести

To top