Македонија

Македонскиот Елиот Нес се пофали колку дневници и екстра пари добива од функцијата

Да се потрудиме да останеме луѓе

Кире Михаилов познат како македонскиот Елиот Нес се пофали колку дневници и ектра пари добива од функцијата заменик директор во ЈП Македонски Шуми.

Михаилов кој прослави поради битката со шумската мафија открива колку пати земал освен плата.

,,Почитувани мои сограѓани, две години после моето именување за Заменик Генерален Директор на ЈП “Македонски Шуми” по предлог на премиерот и владата на Македонија, вистината е дека она кое го зборев и ветував, го исполнувам.

Имено, ветував дека не се борам да се “докопам” до фотеља за да користам бенефити, да злоупотребувам или крадам, напротив, да покажам дека можело доста поразлично од КАКО ДО СЕГА.

Не се борев за функција за да искористам максимално од се она кое што дури и по закон ме следува, туку напротив, се борев да покажам дека можело и многу поразлично, а пак да се биде голем.

Не се борев за функција за да станам недостапен, да се затворам во канцеларија и да лопотам по кафани или незнам каде, напротив, се борев да бидам постојано помеѓу народот и заедно со народот, рамо до рамо, гради во гради во решавањето на секој проблем, но и заедно со сите вас во славењето на сите наши заеднички успеси.

Две години кои треба и ќе бидат репер.

Дека можеше да биде подобро, да, може.
Дека не зависи се само од мене, да, не зависи.

Морав ова да го објавам јавно затоа што во минатото, неретко бев обвинуван дека честопати сум на терен за да “тепам” дневници и што ти знам какви додатоци, но вистината, онаа вистинската пред која и Боговите молчат е оваа, лесно проверлива, една и единствена.

Други пак кои ми се блиски и ме познаваат ме обвинуваат дека грешам што не ги користам петте минути и бенефитите кои ме следуваат, но, јас сметам дека ова е вистинскиот начин.

Патем, моите пет минути не се овие, 😉.
А кога тие ќе дојдат, јас пак ќе бидам овој.

После мојот ангажман, после мојата функција или функции, кога и да завршат, јас знам дека нема да излезам многу финансиски побогат, но, знам дека во очите на многу од вас ќе бидам многу поголем, а ќе имам и повеќе пријатели кои ме ценат и почитуваат.

Функциите се менливи и минливи, и тогаш кога сме највисоко, најмногу од се треба да се потрудиме да останеме луѓе.

Одиме понатаму …
Чесно, одговорно, транспарентно …
Со народот , за народот … !!!”, пишува Михаилов.

Повеќе за Михаилов

Македонскиот Елиот Нес добил закани по живот за себе и семејството

Најнови вести од: Македонија

Стопанската комора со план за економски развој на Зелениково и Чучер-Сандево, ќе има и нови инвестиции

Стопанската комора на Северна Македонија ќе им обезбеди поддршка на општините Зелениково и Чучер-Сандево за поттикнување на локалниот економски развој, подобрување на деловната клима и искористување на европските фондови. Меѓу приоритетите се развојот на руралниот и алтернативниот туризам, унапредувањето на инфраструктурата и формирањето заедничка бизнис-заедница.

(Фото+Видео): Мицкоски со „Дојче Телеком“ во Бон разговараше за можни инвестиции

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека разговорите со раководството на Германскиот Телеком во Германија биле насочени кон можностите за нов инвестициски циклус во Македонија, не само во телекомуникацискиот сектор, туку и во области со висока додадена вредност.

(Фото): Блокирани 104 веб-страници за нелегално онлајн коцкање

Во согласност со доставениот налог, посочува Министерството, АЕК е должна во рок од пет дена од неговото добивање да го проследи до операторите на електронски комуникациски мрежи. Операторите треба веднаш да постапат по налогот и да го ограничат пристапот до наведените веб-страници, со прикажување соодветно известување за причината за блокирањето.

To top