Македонија

Македонски Сухој 25 кој беше подарен на Украина сеуште е дел од украинската авијација

Се работи за поранешен украински авион кој во 2001 година беше продаден од Украина на Македонија, а потоа во 2022 година вратен назад во Украина

Еден од македонските авиони Сухој 25 кој беше подарен на Украина сеуште е дел од украинската авијација, објавува профилот Вајлд Бил Келсо.

Келсо анализира видео и фото објави на авиони и други летала и објавува информации поврзани со нив.

Со тоа се демантираат шпекулациите дека сите авиони кои Македонија ги испрати во Украина на почетокот на воената агресија од Русија не биле во летечка состојба или биле урнати за време на воени мисии.

Според објавата во која има три фотографии поранешниот македонски Су25 е во служба со 299-та тактичка авијациска бригада на украинските воздухопловни сили.
Келсо смета дека тој има ознака Блу 50, 51 или 52.

Според фотографиите кои доаѓаат од материјал дистрибуиран од украинската власт авионот е сликан во бункер на украинската армија.

Македонија во 2022 година ѝ ги донираше на Украина своите четири авиони Су-25 (Сухој 25).

Во јуни 2001 година, за време на вооружениот конфликт, Македонија купи од Украина четири авиони Су-25: три едноседи и еден двосед (Су-25УБ), за околу 4 милиони евра. Тие беа користени во неколку борбени летови за поддршка на копнените сили во конфлитот во 2001 година.

Од 2003–2004 година авионите беа извадени од употреба, конзервирани и стоеја неупотребливи односно неспособни за лет, на аеродромот кај Петровец. Повеќе години се размислуваше за нивна продажба или модернизација, но тоа не се случи.

Во 2022 година, според извештаи во август, а официјално потврдено во март 2023, Македонија ги пренесе овие четири авиони како воена помош на Украина, заедно со тенкови Т-72 и друга опрема. Министерството за одбрана на Македонија официјално потврди дека се испратени „Сухои“ авиони, како дел од повеќе одлуки за донации. Авионите не беа дел од активниот состав на Армијата и не ја намалија боевата готовност.

Тие беа во нелетачка состојба, но Украина ги поправи и надгради. Најмалку за еден е потврдено дека е вратен во оперативна употреба во 2023 година во 299. тактичка авијациска бригада на Воздушните сили на ЗСУ, со борбен број „Blue 51“.

Ова беше една од првите донации на борбени авиони од НАТО-членка на Украина. Авионите првично биле украински (или од белоруски залихи преку Украина), па сега се вратија на Украина.

Најнови вести од: Македонија

„Ајде да знакуваме заедно!“: Инклузивен марш и програма во Скопје по повод Денот на знаковните јазици

Инклузивен марш и централна програма со интерактивни, едукативни и креативни активности ќе се одржат в недела во Скопје, по повод Меѓународниот ден на знаковните јазици

Обвинителството – обвинителката на потег

Од Обвинителството велат дека за еден дел од наводите веќе е поднесено обвинение, а за другите наводи се проверува дали постои сомнеж за сторено кривично дело. Од наодите во последниот извештај на Државниот завод за ревизија може да се заклучи дека во периодот од 2022 до септември 2024 се работело главно на уништување на компанијата.

To top