Македонија Свет

Макрон вели „ќе има невидени последици“, ако Трамп ја преземе контролата над Грендланд!

„Ако суверенитетот на европска земја и сојузник е загрозен, последиците би биле без преседан, изјави францускиот претседател Емануел Макрон на состанокот на кабинетот во средата, алудирајќи на заложбите на американскиот претседател Доналд Трамп да ја преземе контролата врз арктичката територија.

„Не ги потценуваме изјавите за Гренланд“, рече Макрон, според портпаролката на владата Мод Брежон. „Ако суверенитетот на европска земја и сојузник е загрозен, последиците би биле без преседан. Франција многу внимателно ја следи ситуацијата и ќе дејствува во целосна солидарност со Данска и нејзиниот суверенитет“, додал францускиот претседател.

Порано во текот на денот, претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, изјави дека постои силна врска меѓу ЕУ и Гренланд и оти народот на Гренланд може да смета на поддршката на ЕУ.

Министрите за надворешни работи на Данска и Гренланд ќе се сретнат подоцна во текот на овој ден во Белата куќа со потпретседателот на САД Џеј Ди Венс, по неколкунеделните закани од претседателот Доналд Трамп против Гренланд, автономна територија во рамките на Данска.

Најнови вести од: Македонија Свет

Загина тетовецот Обрад Стојановиќ (76) во запалениот стан, син му повреден

Починатиот Обрад Стојановиќ 42 години работеше како наставник по практична настава во Средното текстилно училиште „Ѓоце Стојчевски-Амбарче“, во Тетово. Еден е од основачите на Здружението на Срби и Македонци „Бранко Чајка“ од Тетово и негов прв претседател.

Мицкоски: Компромис за Законот за прекршоци, а за техничката влада сме согласни да се укине

Денеска јавноста беше сведок на поинаков пристап на решавање на отворени прашања, нешто што можеби изминатите 35 години државност не се случувало, а тоа е преку плодна дискусија во оваа лидерска средба и во дебата, која во одредена мерка беше полна со предлози и идеи, изјави денеска по лидерската средба премиерот Христијан Мицкоски. Тој истакна дека средбата била конструктивна. Голем дел од отворените прашања се отворија. За поголем дел од тие поголеми отворени прашања имаме исто мислење, имаме заеднички јазик, за едел нормално позоциите ни се разликуваат. Но, она кое што за мене важно е преку една ваква дискусија во која што сите чинители на оваа лидерска средба кои што беа присутни кажаа јавно пред вас новинарите и македонската јавност дека истата била конструктивна, истакна премиерот. Македонските граѓани во овој период на празници можеа да види едно поинакво однесување од политичките чинители, здрело и конструктивно однесување кое што значи надминување на проблемите, рече меѓу другото премиерот Мицкоски.

-За мене како организатор и претседател на владата претставува задоволство, затоа што македонската јавност, македонските граѓани во овој период на празници можеше да види едно поинакво однесување од политичките чинители. Едно здрело, конструктивно однесување кое што значи надминување на проблемите а не создавање на проблеми, рече премиерот во своето излагање.

Прв смртен случај со грип сезонава, почина 75 годишна жена – во првата седмица од јануари 1725 грипосани во земјата

Од Институтот за јавно здравје велат дека будно ќе ја следат епидемиолошката состојба со цел заштита на здравјето на граѓаните и спречување на ширење на вирусот.

Дурмиши: Засега нема причина да се воведе ограничување за цените на храната

Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши смета дека засега нема причини да се реагира и да се воведе ограничување на цените на храната, затоа што во декември цените биле намалени за 0,4 проценти. 

Македонската метрополола и нејзината култна фонтана „Лотос“ во Градскиот парк си го враќаат сјајот: почна целосната реконструкција!

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски објави дека започната е целосна реконструкција на фонтаната сместена на влезот од Градскиот парк, место што со децении претставува препознатлив белег и гордост на Скопје, но и место кое долги години беше запуштено.

Македонците во Албанија ја одбележаа Василица со голема духовна радост, најбројни во селото Леска

Македонците во Албанија традиционално го одбележуваат празникот Свети Василиј Велики, со кој се означува почетокот на Новата година според јулијанскиот календар. Најмасовно присуството на верници, од сите делови на Мала Преспа и пошироко, беше во црквата „Свети Василиј” во селото Леска, каде што со голема чест и духовна радост го одбележаа празникот, кој е патрон на овој божји храм. Во Мала Преспа, Голо Брдо, Врбник, синоќа се палеа василичарски огнови, се пиеше вино и топла ракија, се пееја песни. Во Пустец коледарски оган беше запален на плоштадот, во близина на црквата „Свети Архангел и Михаил”.

Николовски:За некои политички структури во Бугарија секогаш сме тема за привлекување гласачи

„За некои политички структури во Бугарија Македонија е секогаш интересна тема за привлекување гласачи, но со отворање дебата за Македонија, тие само ги влошуваат односите.“ – изјави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николовски по ставовите од Софија поради неодамнешниот инцидент со кршењето на прозорците на вратите на влезот од бугарската амбасада.

Димитриеска-Кочоска: „Мој ДДВ“ останува како и досега

Состојбите кои што ги гледаме на терен и состојбите кои што можеме да ги забележиме и внатре, врз основа на сите податоци со кои што располагаме, јасно водат до заклучок дека мерката не го дала посакуваниот ефект“, тврди директорката н УЈП.

Најнови вести

To top