Македонија

Македонците во Албанија ја одбележаа Василица со голема духовна радост, најбројни во селото Леска

Македонците во Албанија традиционално го одбележуваат празникот Свети Василиј Велики, со кој се означува почетокот на Новата година според јулијанскиот календар. Најмасовно присуството на верници, од сите делови на Мала Преспа и пошироко, беше во црквата „Свети Василиј” во селото Леска, каде што со голема чест и духовна радост го одбележаа празникот, кој е патрон на овој божји храм. Во Мала Преспа, Голо Брдо, Врбник, синоќа се палеа василичарски огнови, се пиеше вино и топла ракија, се пееја песни. Во Пустец коледарски оган беше запален на плоштадот, во близина на црквата „Свети Архангел и Михаил”.

Синоќа во црквата се одржа вечерна богослужба а денеска Света Божествена Литургија, која ја одржаа свештениците Алексо Темелко и Топи Арѓири, по што беше кршена василичарската погача. Најсреќен беше Кире Танас од селото Зрновско, кој посака многу здравје, среќа и благосостојба. -Честит и вековит да ни е празникот. Среќата ми се насмевна мене и за тоа многу сум радосен. Посакувам најпрво здравје, среќа и насекаде нека владее мир, посака Танас.

По традиција и овој пат со Македонците беше Васил Стерјовски, претседател на македонската партија, Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ. Во свое и име на партијата тој посака Стара Нова година да донесе здравје, среќа и благосостојба во домовите на сите Македонци каде и да се. -Нека ни биде и година на единство, успеси и напредок за сите нас, Македонците во Албанија, и да продолжиме заедно да го чуваме и афирмираме нашиот македонски идентитет, рече тој откако запали свеќа за здравје.

Празникот го честитаа и македонските друштва „Илинден”- Тирана и „Преспа” и градоначалникот на Општина Пустец Пали Колефски, посакувајќи здравје, среќа и бериќет да донесе во секој дом. Во секое македонско семејство ширум Албанија, домаќинките подготвуваат пита или како што ја нарекуваат мазник со паричка. Се верува дека на оној кому ќе му се падне, во текот на годината ќе му се случуваат убави нешта.

Текст и фотографија: Македонска информативна агенција – МИА

Најнови вести од: Македонија

Да се забрани „џанк“ храна во училиштата и да се оданочат зашеќерените пијалаци, бара Клековски

Министерот ги повика граѓаните, особено оние со зголемен ризик или со семејна историја на дијабетес, да не ги игнорираат симптомите како постојан замор, зголемена жед или заматен вид и да направат превентивен преглед.

Тамара Котевска го освои „Британскиот Оскар“ за документарен филм, рамо до рамо со Херцог и Дејвид Атенборо

Македонската режисерка Тамара Котевска, двојно номинирана за ОСКАР и двојно номинирана за ЕМИ, го освои престижното Гран-при признание (за најдобар кино-документарец) на овогодинешното доделување на наградите „Гриерсон“ (Grierson British Documentary Awards) во Лондон, кои во светската кинематографија важат за британски Оскар за документарни филмови.

Се проширува достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“ – од понеделник нова експозитурата во Прилеп

Народната банка продолжува внимателно да ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и да презема активности за да им се овозможи на сите клиенти полесен пристап до сопствените средства и непречено извршување на платежните услуги.

To top