Македонија

Димитриеска-Кочоска: „Мој ДДВ“ останува како и досега

Состојбите кои што ги гледаме на терен и состојбите кои што можеме да ги забележиме и внатре, врз основа на сите податоци со кои што располагаме, јасно водат до заклучок дека мерката не го дала посакуваниот ефект“, тврди директорката н УЈП.

Нема да има промени во однос на „Мој ДДВ“, сето останува како што беше и досега, вели министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска,откако вчера директорката на Управата за јавни приходи (УЈП), Елена Петрова, рече дека мерката откако е воведена не го има дадено очекуваниот ефект

Димитриеска-Кочоска вели дека не ја слушнала изјавата на директорката на УЈП, но потврди дека досега во Финансии нема пристигнато некаква информација или извештај околу „Мој ДДВ“.

„Ниту, пак, сме разговарале на тема воопшто дека ќе го менуваме законот или воопшто ќе дискутираме околу ’Мој ДДВ’. Така што не можам да кажам дека ќе има било какви промени, туку напротив сето останува како што беше и до сега“, вели минстерката./

Директорката на УЈП синоќа во телевизиско гостување рече дека не е разговарано за евентуално укинување на „Мој ДДВ“ или, пак, дека постои некаква таква одлука или намера за донесување на таква одлука.

Меѓутоа, рече Петрова, кога се работи за таква мерка за која се трошат јавни средства, секако дека треба да се погледне и да се разговара за ефикасноста на мерката и дали таа ги дава целите заради коишто била воспоставена.

„Преку оваа мерка, на квартално ниво за 2025 година, се издвојуваат околу 14,5 милиони евра за, во просек, околу 502 000 корисници. И овој износ секоја година се зголемува во однос на претходните години. Се зголемува и бројот на корисници, но заради тоа што се зголемува и наплатата на приходот, во просек можеме да кажеме дека за оваа мерка се издвојуваат околу четири проценти од годишната наплата на ДДВ приход или тоа е еквивалентно на приближно половина месечен ДДВ приход“, соопшт Петрова.

Според неа, мерката, која е воведена во 2019 година, требала да доведе до намалување на сивата економија и секој граѓанин го поставува во улогата на даночен инспектор.

„Ако од тој аспект сакаме да ја процениме мерката, состојбите кои што ги гледаме на терен и состојбите кои што можеме да ги забележиме и внатре, врз основа на сите податоци со кои што располагаме, јасно водат до заклучок дека мерката не го дала посакуваниот ефект“, тврди Петрова.

 

Најнови вести од: Македонија

Филипче и Заеви си ја обновија лиценцата за бизнисот со струја

Регулаторната комисија за енергетика денеска објави дека, постапувајќи по барање на фирмата ФОС ИМЕРАС, извршила усогласување на правата и обврските утврдени во лиценцата за вршење на енергетската дејност производство на електрична енергија со Законот за енергетика.

Мицкоски на средба со раководството на Дојче Телеком: Дигиталната преобразба и технолошкиот развој – стратегиски приоритети на Владата на Македонија

Претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски денеска заедно со владина делегација во состав на министерот за транспорт и вицепремиер Александар Николоски, министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски како и директорот на ТИРЗ Гоце Димовски, остварија работна средба со Тимотеус Хетгес, главен извршен директор на Дојче Телеком и Доминик Лерој, Член на Управниот одбор на Дојче Телеком, ГИД за Европа.

Блокирани 104 веб-страници за незаконско коцкање преку интернет

Министерството за дигитална трансформација информира дека министерот Стефан Андоновски издал налог до Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) за блокирање дополнителни 104 веб-страници преку кои нелегално се приредуваат онлајн игри на среќа.

Несовесни поединци го претвораат Охридското езеро во депонија на автомобилски гуми, пластични шишиња, текстил, кои се вадени во акција на нуркачи!

Нуркачите од Нуркачкиот центар „Амфора“ го пребаруваа езерското дно на потегот од кампот Градиште до Велидаб и извлекуваа фрлени пластични шишиња, автомобилски гуми, текстил и различен цврст отпад отпад. Проектот е финансиран од Секторот за туризам и локален економски развој на Општина Охрид.

 „Здравје и заштита на здравјето“ наместо сексуално образование

Ревидирана програма за сеопфатно сексуално образование, која сега го носи името „Здравје и заштита на здравјето“ објави Бирото за развој на образованието, на својата официјална интернет-страница

Најнови вести

To top