Македонија

Малески бара беспоговорно исполнување на бугарските барања и да не се бара правда од Брисел

Човекот што рече дека Македонците биле ист народ со Бугарите не го интересираат правдата и принципите

Првиот министер за надворешни работи на Македонија Денко Малески бара од официјално Скопје беспоговорно исполнување на бугарските барања.

Дополнително тој бара во односите со ЕУ да не се бара правда од Брисел.

Малески овие ставови ги гради на премисата дека кога од некого нешто бараш не можеш да поставуваш услови туку само спроведуваш.

Во неговата најнова колумна тој не кажува ни збор за веќе сменетиот устав и име направено по принципот кој го заговара самиот.

,,Во реалниот свет, апликантот беспоговорно ги исполнува условите на организацијата во која сака да влезе или, ако тие не му се по волја си бара друго чаре. Но, еве веќе триесет и пет години ние никако да разбереме дека сојузите се формираат за да ги бранат интересите на своите членки, а како најсилен доказ за тоа е нивното поединечно право на вето.

Ги загубивме „златните години“ на ЕУ заради тоа што се повикуваме на правдата, таму каде што најмалку ја има: во меѓународните односи. На интересите и силата, наместо со дипломатија и преговори,ние и се спротиставуваме со правдата, како ние ја разбираме. После се чудиме зошто упорно губиме и не ја остваруваме стратешката цел поставена уште во 1991″, пишува Малески.

Екс министерот го нападна Христијан Мицкоски затоа што на денот на Македонската борба, премиерот на Македонија и поставил два услови на ЕУ ако сака да не види во нејзините редови:

1. Гаранции дека ова се последни барања од Бугарија и

2. Запишување на македонската „заедница“ во бугарскиот устав.

Според тезата на Малески и покрај сите досега направени компромиси од кои нема фајде, владата треба беспоговорно да ги спроведува барањата кон Македонија дури и кога нема никаква гаранција дека земјата барем ќе почне преговори за членство.

Најнови вести од: Македонија

Утре е Велика Сабота – ако го испочитувате овој обичај, сè ќе тргне на подобро

Кога е во прашање овој ден, многу православни верници се во недоумица дали се пости или не. Иако саботата важи за ден кога по правило не се пости строго (туку на масло), свештениците велат дека на Велика сабота треба да се пости исто како и на Велики петок (на вода). На Велика сабота не е добро да се оди во лов и риболов, а се забранува и колење на стока и живина.

Стружани за Велигден негуваат традицијата во која се преплетуваат литургиската свест, симболиката на празникот над празниците и културниот идентитет

Во деновите кога православните христијани со молитва и надеж го очекуваат Христовото воскресение, во охридско-струшкиот регион сè уште живее еден стар обичај длабоко вкоренет во духовната традиција

(Фото): Како ќе изгледа и кога ќе биде готова Универзална сала?!

Објектот беше значително оштетен во пожарот што избувна на 9 април 2024 година, само по еден месец откако, по пауза од две години, продолжија градежните работи за негова реконструкција. Од пожарот беше зафатена старата конструкција. Веднаш по пожарот, од градежната фирма посочија дека, најверојатно, се запалил стар кабел или некоја стара инсталација.

„ТАВ Македонија“ втора година по ред добитник на сертификатот Great Place To Work®

Компанијата Great Place To Work® е глобален авторитет за културата на работното место, којашто има 30 годишно искуство со револуционерни истражувања и податоци со кои им помага на многу компании да станат одлично место за работа за сите. Се фокусира на присуството на вработените и на лидерското однесување и докажано е дека обезбедува водечки приходи во пазарни услови, задржување на вработените и робустни иновации.

To top