Македонија

Мали ритуали – големи надежи со игрите на среќа на Државна лотарија

Имате ли вие среќни броеви?

Игрите на среќа на Државна лотарија одамна се дел од секојдневието, не само како можност за добивка, туку и како мигови на забава, надеж и исчекување. Тие претставуваат мала пауза од рутината – простор за сонување во кој луѓето си ги проектираат сопствените желби. Во тие мигови очекувањето станува дел од доживувањето, а играта добива посебна вредност.

За многумина од играчите, игрите на среќа се поврзани со мали лични ритуали и верувања што му даваат автентичност на секое индивидуално искуство и го прават самиот момент попосебен.

Без разлика дали станува збор за креирање лото комбинација од среќни броеви или купување инстант лозови, ритуалите се секогаш присутни како невидлив соиграч на патот до големите добивки.

Среќните броеви на лото ливчето ретко се само случаен избор. Зад нив стојат лични приказни, моменти и емоции, кои на бројките им даваат значење.  За некои тоа се родендените на најблиските, за други датумот на венчавка или други датуми значајни за нив. Многу луѓе ги избираат истите броеви со години како симбол на континуитет и како знак дека нешто познато и свое останува непроменето.

Освен бројките, секој има и сопствени навики и ритуали. Некои играчи сакаат да ја предизвикаат среќата сами, некои во друштво со пријателите, за други е важно да ги уплаќаат своите комбинации на истото место или секогаш во ист ден од неделата. Некој го зема првиот лоз од купчето, некој сака самиот да избира, некои имаат омилен инстант лоз, други избираат различни, а некои секогаш купуваат точно одреден број инстант лозови.  Ритуалите се инстинктивен обид за дофат до среќата и во свет полн со промени тие остануваат константа.

Интересно е што овие практики и среќни броеви често се пренесуваат низ генерации. Комбинации што се играат со години и навики што се повторуваат прераснуваат во традиција што ги поврзува луѓето. Приказните и верувањата што стојат зад ритуалите ги трансформираат игрите на среќа во нешто повеќе од случајност и бројки. Токму тие моменти носат дел од среќата и потсетуваат дека надежта е важен дел од секојдневието.

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Ќе нема зголемување на старосната граница за пензионирање, проблемите се детектирани се преземаат мерки

ВМРО-ДПМНЕ го исполни ветувањето, за две години пензионерите добија линеарно зголемување на пензиите од 7.000 денари, рече пратеничката Дијана Илиевска.

ВМРО ДПМНЕ: Фрчко Малиот да му поднесе кривична пријава на ексминистерот за здравство Филипче, кога се криеле 400 наоди за неисправна вода во Гостивар!

„Талогот на СДС повторно се појави. Овој пат во ликот на мали Фрчко, кој се измачил на топлото време и отишол пред Јавно обвинителство. Но, ја утнал адресата од кои бара одговорност за случајот со водата во Гостивар.“ – реагира ВМРО ДПМНЕ.

Средба Ферати – Колумбија: Младите и реформите кон ЕУ во средиштето на разговорите

Министерот за односи меѓу заедниците, Агон Ферати оствари средба со координаторката на Обединетите нации во Македонија Рита Колумбија, на која се разговарало за зајакнување на соработката и поддршката на процесите поврзани со развојот на земјата.

Вреди бара обвинение: Куќниот притвор на Артан Груби е при крај

Уште две недели остануваат до истекот на мерката куќен притвор за поранешниот прв вицепремиер Артан Груби, кој е осомничен во истрагата за случајот поврзан со Државната лотарија. Времетраењето на истрагата повторно стана предмет на политички препукувања. Од ВРЕДИ го обвинија Обвинителството дека постапката се одвива со бавно темпо и побараа од институцијата да објасни зошто сè уште нема обвинение во случајот.

To top