Македонија

Претседателката Сиљановска-Давкова утре ќе присуствува на надзорната расправа за „Алта банка“

Претседателката ќе ги одложи обврските во Охрид за да биде во Собранието

Претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова утре ќе учествува на продолжението на надзорната расправа во Собранието посветена на случувањата околу „Алта банка“, јавија повеќе медиуми а потврдуваат собраниски извори.

Според најавите, станува збор за вториот дел од надзорната расправа во рамки на собраниската Комисија за финансирање и буџет. Главната тема на расправата е насловена: „Причини за воведувањето администрација во АЛТА банка АД Битола, улогата и постапувањето на Народната банка и институционалната одговорност“.

Надзорната расправа за „Алта банка“ официјално започна на 11 ноември. Еден ден по почетокот, на 12 ноември, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ поднесоа барање до претседателката на Комисијата, Сања Лукаревска, расправата да продолжи на 13 ноември. Одговорот за продолжување на седницата пристигна по една недела, со што продолжението беше закажано за 25 ноември.

Најнови вести од: Македонија

Ајри Шеј, Tessa Group: Иднината им припаѓа на бизнис моделите кои ги интегрираат енергетиката, напредните технологии и сајбер безбедноста

На четвртата конференција за дигитализација на АмЧам се обрати и министерот за дигитална трансформација во Владата, Стефан Андоновски, чие излагање беше посветено на креирање на услови за идните индустрии. На конференцијата зборуваа и претставници на ЕВН Македонија, претставници на ТИТАН Усје, Телеком на други компании од земјата.

Клековски: Ќе се основа самостоен Центар за итна медицинска помош Скопје, што може да се прошири на другите градови!

Министерот за здравство Сашо Клековски попладнево се огласи на Фејсбук по коментари за негова објава и даде објаснување што се прави со Итната помош.

Шасивари до Али Ахмети: Јазичните права не се штитат со отворени писма, туку со одржливи правни решенија!

Министерот за правда Јетон Шасивари му одговори на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, во врска со полагањето на правосудниот испит на албански јазик, оценувајќи дека ова прашање не треба да се претвора во партиско наддавање и меѓусебни обвинувања.

Средба Мицкоски-Варнс за македонско-американските односи и стратегиското партнерство

Македонско-американските односи, стратешкото партнерство, билатералната соработка и можностите за нејзино натамошно унапредување, биле тема на денешната средба на претседателот на Владата Христијан Мицкоски со вршителката на должност амбасадор на Соединетите Американски Држави во Македонија, Никол Варнс.

Попов: После 14 години СДС во Центар, општината не е способна да реализира сериозен проект, освен да нацрта слика на ѕид!

Сергеј Попов, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, на денешната седница на Комисијата за финансирање и буџет, во продолжението на амандманската расправа по Предлог-буџетот за 2027 година, во реплика кон Лукаревска, а во врска со амандманот на СДС за обезбедување на средства од републичкиот буџет, за реконструкција и рехабилитација на улица „50-та Дивизија“, истакна дека вакво барање, по претходно собрани потписи на жителите на улицата, било поднесено до Општина Центар, пред повеќе од три години, а Општина Центар и СДС се сетиле дури сега.

Николоски: Патарини без рампи, плаќање според изминати километри, ќе почне првин на автопатот Кичево-Охрид

Возачите во иднина би можеле да плаќаат патарина според реално изминатата километража, наместо фиксна сума на наплатните станици. Новиот модел предвидува електронска наплата без физичко запирање на возилата. Министерот за транспорт Александар Николоски најави дека се подготвува закон за воведување на системот, при што ќе биде користена и експертска помош од Европската транспортна заедница. Според […]

To top