Македонија

Манасиевски: Дали е точно дека на Филипче му одбиваат функции во СДСМ

Филипче имал проблем со формирање ново раководство, поради тоа што СДСМ поради него и неговиот ментор Заев спадна на едвај 120.000 гласови

 

„ Иако по историскиот пораз минатата недела Филипче најави реформи и кадровски промени во партијата, сепак сè уште јавно ништо нема“, рече денеска Валентон Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ..

До нас стигнаа информации дека Филипче имал проблем со формирање ново раководство, поради тоа што СДСМ поради Филипче и неговиот ментор Заев спадна на едвај 120.000 гласови.

Јавно прашуваме, дали е точна информацијата дека на Филипче му одбиваат функции во СДСМ луѓе кои важеле за големи поддржувачи на СДСМ и поранешни активисти – праша Манасиевски.

Дали некои од тие луѓе, додава Манасиевски, не сакале да бидат дел од раководството на СДСМ затоа што не го сметаат Филипче за нивен претставник? – праша Манасисвски.

„Ова што му се случува на СДСМ не му го посакуваме никому. СДСМ важеше за партија со историја, кредибилитет и со квалитетен кадар. Меѓутоа, она што Заев, Ковачевски и Филипче му го направија на СДСМ се должи на ароганцијата и предавствата што ги направија“,  рече Манасиевски.

Тој апелира за итни реформи во СДСМ и оставка на Филипче.

„На ВМРО-ДПМНЕ му е потребна силна опозиција, а не партија без кредибилитет со Венко Филипче на чело“, потенцира Манасиевски.

Фрчкоски: Пендаровски и други „мешетарат без везе“ во СДСМ

Најнови вести од: Македонија

ОН: Бугарија ја прекршила слободата на здружување со одбивањето да регистрира организација на Македонци

Постоењето на здруженија кои мирно промовираат идеи за толеранција и коегзистенција на различни етнички групи мора да се заштити, дури и ако нивните ставови не се споделуваат од властите или од мнозинството на населението – изјавила Ивон Дондерс, членка на Комитетот за човекови права на ОН

To top