Македонија

Манасиевски: Дали Венко е партнер на Заев во градење на 40-катницата во Дубаи?

Дали златната виза на Венко во Дубаи е резултат на тоа што Венко Филипче е бизнис партнер на Зоран Заев во градење на згради?

Денес откриваме нови факти за бизнисите на Зоран Заев и Венко Филипче во Дубаи. По сведоштвото од страна на Томе Аврамски, поранешен соработник на Зоран Заев, дека во Дубаи Заев гради 42катница, а дополнително со Филипче имаат станови во друг објект, од СДС молк на темата и крици на беспомошност, истакна на денешната прес конференција Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ долго време веќе говореше во јавноста дека Заев и Филипче имаат златни визи за Дубаи, а за истите и самите потврдија, но не кажаа на кој начин ги добиле. По се изгледа, стекнувањето на златна виза е поради влог во недвижности.

Иако Филипче призна дека златната виза е последица на работен ангажман во некаква си болница во Дубаи и вети дека тоа ќе го докаже, јавноста не виде никакви документи.

Јавно го прашуваме Венко Филипче, каква е неговата улога во изградбата на 40-катницата на Заев, за која сите слушнавме сведоштво? Дали златната виза на Венко во Дубаи е резултат на тоа што Венко Филипче е бизнис партнер на Зоран Заев во градење на згради? Од каде му пари на Венко за да си дозволи толку голем влог, со оглед на тоа дека тој самиот кажува дека има досега работено како доктор и како пратеник? Дополнително, Филипче треба да одговори на чии име се води станот за кој Томе Аврамски вели дека е во негова сопственост?

Почитувани граѓани, додека Венко и Заев продаваат грижа, морал и достоинство во државата, од друга страна гледаме како се расфрлаат со милиони за изградба на 40катница, и тоа не било каде, туку во Дубаи.

Го повикуваме ЈО да го истражи случајот, рече Манасиевски.

Најнови вести од: Македонија

Стратегија за за 2026–2031 година, заради зачувување на македонскиот јазик, идентитет и култура во Ниш

Во Ниш e претставена Стратегијата за развој и дејствување на Националниот совет на македонската национална заедница за наредните пет години, која ги одредува клучните правци во образованието, културата, информирањето и употребата на јазикот. Целта е зајакнување на македонската заедница, институционална соработка, локален развој и користење на фондовите на ЕУ, истакна претседателката на Националниот совет, Зорица Митровиќ.

Избран е изведувач, почнува реконструкцијата на „Универзална сала“

Со новиот лик на Универзална, Скопје ќе добие модерна, функционална и репрезентативна културна институција, која ќе биде домаќин на врвни театарски претстави, концерти, фестивали и големи културни настани

ДС: Македонскиот е заеднички јазик за разбирање за сите етнички заедници во Македонија.

Во судството е од најголема важност обвинителите, судиите и адвокатите да го совладаат македонскиот јазик, кој е „лингва франка“, заеднички јазик на разбирање за сите етнички заедници во Македонија.

To top