Македонија

Манасиевски: Филипче да ги покаже документите за работа со кои ја добил златната виза за Дубаи

Филипче вчера потврди дека Заев гради 42-катница во Дубаи, ама тој не му бил партнер во градбата

Филипче вчера потврди дека Заев гради 42-катница во Дубаи, ама тој не му бил партнер во градбата. Со ова, Филипче треба да каже, како тогаш дошол до златна виза за Дубаи, истакна на денешната прес конференција Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.

Во таа насока, го повикуваме Филипче да ги покаже документите за работа со кои ја добил златната виза за Дубаи.

Доколку Филипче навистина бил на работа во Дубаи, договарал работа во некоја болница или што и да има измислено за оваа лага бидејќи веќе ни тој самиот не се сеќава, нема да му биде проблем да ги покаже документите.

Но, Филипче не покажува документи – поради тоа што ги нема.

Сведоштвото на Тома Аврамски, поранешен соработник на Заев, кој рече дека ја видел 42катницата изградена од Заев, истакна и дека ги видел и становите на Филипче и Заев во Дубаи.

Венко Филипче не одговори дали има или нема стан во Дубаи и дали тоа е причината за добивање на златна виза. Инаку, да потсетиме дека за да се здобиете со златна виза, во Дубаи треба да имате минимум инвестиција од 500.000 долари.

Затоа, Филипче треба да одговори, а не да молчи, дали златната виза е поради влог во Дубаи од минимум 500.000 долари? На кој начин ги има тој заработено овие пари, бидејќи со плата од доктор и пратеник не се стигнува до таа сума?

Филипче да не се крие. Лошото минато создадено од Заев и Филипче треба да остане во минатото, рече Манасиевски.

Најнови вести од: Македонија

Битка за статусот: Се крои извештајот кој треба да биде доставен до УНЕСКО

Се подготвува извештајот од страна на македонските власти а формиран е и кризен штаб кој работи на препораките и обврските за заштита на природните и културните вредности на охридскиот регион. Министерот за култура Љутков во февруари очекува позитивна оценка од Унеско, вели направено е доста но потребна е комуникација и со албанската страна.

(Видео): Филипче призна: СДСМ имаше разочарувања и турбуленции

Нека слушнат добро во Белата палата и во Владата, мислеа дека сме на колена, зборуваа дека сме готови. Штотуку почнавме, СДСМ се разбуди, а кога СДСМ е буден, тираните не спијат мирно, рече Филипче во воведното обраќање на партискиот Конгрес.

Колкави се паричните казни што ги носи „Безбеден град“?!

Со почетокот на примената на системот „Сејф сити“ од 1 февруари 2026 година, во Македонија стапува на сила нов, значително построг начин на санкционирање на сообраќајните прекршоци. Наместо класични полициски контроли, казните ќе се изрекуваат автоматски, врз основа на видео и електронски докази собрани преку камерите и сензорите на системот „Безбеден град“.

To top