Македонија

Манасиевски: Коалицијата СДС-Левица-ДУИ го спречи изборниот закон, за да глумат жртви и да имаат алиби за следните избори, кои историски ќе ги загубат!

„Опозицијата доби бланко-лист за исполнување желби за изборниот закон, но го одбија, за да глумат жртви. Коалицијата на СДС, Левица и ДУИ сметаат дека тоа ќе им донесе политички поен повеќе.“ – соопшти портпаролот на ВМРО ДПМНЕ Валентин Манасиевски.

Натаму гласноговорникот на владејачката македонска партија истакнува: Реалноста пак излезе на површина: ВРО-ДПМНЕ како партија на власт им ги прифаќа сите барања на опозиционерите само да може иселеништвото да гласа на полесен начин. Токму ова го одбија коалицијата на СДС, Левица и ДУИ.

Одбија и да бидат внесени во новиот изборен закон. Ги одбија препораките на ОБСЕ и ОДИХР, одбија да имаме една изборна единица, одбија и повеќе пари за рекламирање, само за да се претстават како жртви и оваа приказна да можат да ја шират како алиби на следните избори кои историски ќе ги загубат.

Со со недонесувањето на изборниот закон се обидуваат да го намалат успехот на Македонија во реформската агенда. Но, ние сме секако предводници во Западниот Балкан во исполнување на реформите. Недонесувањето на изборниот закон е директен показател дека СДС, Левица и ДУИ ќе попречуваат секогаш кога ќе имаат можност.

Токму во овој процес се покажа зошто ВМРО-ДПМНЕ е на власт, а зошто СДС, Левица и ДУИ се во опозиција. Разликата е очигледна. Едните работат во интерес на државата, а другите за интересот свој и на партијата, порачува портпаролот на ВМРО ДПМНЕ Валентин Манасиевски.

Најнови вести од: Македонија

Муцунски со порака до Брисел: Проширувањето на ЕУ е инвестиција во сопствената безбедност

Проширувањето на Европската Унија со земјите од Западен Балкан не е само инвестиција во стабилноста на регионот, туку и стратешка инвестиција во безбедноста, силата и иднината на Европа, порача министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски.

(Фото): Во Македонија една третина од смртните случаи се од кардиоваскуларни заболувања

Од кардиоваскуларни заболувања минатата година во земјава починале 6.888 лица, а овие заболувања учествуваат со 34 отсто во вкупниот морталитет. Со стапка на смртност од 378,4 на 1.000 жители, кардиоваскуларните заболувања се на прво место меѓу причините за смртност.

To top