Македонија

Манасиевски: СДС оди во стечај, кадрите на Заев се новите лица на Филипче

СДС вчеравечер ја потврди нашата констатација дека продолжуваат да тонат се повеќе, наместо нов и свеж кадар, Филипче ги врати старите лица на Зоран Заев. На следните избори 100.000 гласови им се плафон, истакна на денешната прес конференција Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.

СДС вчеравечер ја потврди нашата констатација дека продолжуваат да тонат се повеќе, наместо нов и свеж кадар, Филипче ги врати старите лица на Зоран Заев. На следните избори 100.000 гласови им се плафон, истакна на денешната прес конференција Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.

Претставија “Нова сила”, а всушност тоа се стари лица на Зоран Заев кој заедно со Филипче го доприватизираа и раскрчмија СДС.

Во т.н “ново” раководство на СДС влезе екс директорот на затворот Шутка со активна кривична пријава за злоупотреба на службена должност, Филип Андов, исто така влезе и Јон Фрчковски кој беше фатен како се дрогира на своето работно место и призна за тоа и наместо казна тој доби унапредување во СДС.

Новите сили, а стари кадри напишани од Зоран Заев, а изгласани од Венко Филипче се: Рената Младеновска, поранешна директорка на Државниот санитарен и здравствен инспекторат и досегашен член на ИО на СДС; односно стар кадар.

Драган Крајовски, претседател на ОО на СДС во Битола во времето на Ковачевски а директор на затворот „Црн мост“во времето на Зоран Заев и член на Централниот одбор на СДС; односно стар кадар.

Дејан Николовски, вработен во кабинетот на Зоран Заев и задолжен за странските инвестиции и досегашен претседавач на Централниот одбор; односно стар кадар.

Андреј Жерновски, прелетач за функција од ЛДП во СДС на Зоран Заев, неуспешен и скандалозен дипломат, неуспешен градоначалник, неуспешен градежник, а јавноста не го памети по ништо добро, туку само по ширење на паника дека ќе се урне стадионот кој ден денес сеуште го имаме во Скопје; исто така стар кадар.

Агрон Демири, екс советник во секторот за Европска Унија и меѓународна соработка, потоа правник и е дел од Одделението за правни услуги во АД ЕСМ, коносител во ИЕ 6 на парламентарните кога СДС го претрпеа најголемиот пораз во историјата и впрочем Агрон Демири не успеа да влезе како втор на листата како пратеник; исто така стар кадар.

Љупчо Фармаковски – Фосил уште од времето на Хари Костов во Влада и МВР како државен советник, па и до ден денес му е главен координатор за човечки ресурси во Комерцијална Банка. Во 2008 година беше претседател на Националната комисија за интегрирано гранично управување. И до сега впрочем беше организациски секретар на СДС; исто така стар кадар.

Јованка Тренчевска, поранешна министерка во владите на Заев за труд и социјална политика. Кочеше 16 согласности за воспитувачки и негувателки како и 10 согласности за помошно технички персонал во градинките во општина Бутел кога градоначалникот беше од ВМРО-ДПМНЕ, а исто така опструираше и одземаше ингеренции и во Куманово. Го врати на работа директорот на меѓуопштински Центар за социјална работа во Радовиш, Александар Филев од СДС, откако беше разрешен затоа што беше фатен во трговија со дрога. Во 2024 година таа се повлече од функцијата како Претседателка на форумот на жени на СДС каде што вели, цитирам: „Од денес во СДС нека настапат оние со квалитети, вистински знаења, лицата блиски до народот на кои им се верува. Нови лица, неизвалкани од бремето на претходните функционери“, е вака тогаш напиша, а сега се промовира како освежување Јованка Тренчевска, потпретседател на СДС; исто така стар и истрошен кадар.

И почитувани, се што треба да знаете за СДС е дека новиот кадар на Венко за претседавач на ЦО на СДС е Герасим Лазов.

Почитувани граѓани, ова е убедливо најлошиот состав на СДС, Филипче и Зоран Заев. Приватизациjата на СДС завршува, а наредниот чекор е тежок стечај, рече Манасиевски.

Најнови вести од: Македонија

Стратегија за за 2026–2031 година, заради зачувување на македонскиот јазик, идентитет и култура во Ниш

Во Ниш e претставена Стратегијата за развој и дејствување на Националниот совет на македонската национална заедница за наредните пет години, која ги одредува клучните правци во образованието, културата, информирањето и употребата на јазикот. Целта е зајакнување на македонската заедница, институционална соработка, локален развој и користење на фондовите на ЕУ, истакна претседателката на Националниот совет, Зорица Митровиќ.

Избран е изведувач, почнува реконструкцијата на „Универзална сала“

Со новиот лик на Универзална, Скопје ќе добие модерна, функционална и репрезентативна културна институција, која ќе биде домаќин на врвни театарски претстави, концерти, фестивали и големи културни настани

ДС: Македонскиот е заеднички јазик за разбирање за сите етнички заедници во Македонија.

Во судството е од најголема важност обвинителите, судиите и адвокатите да го совладаат македонскиот јазик, кој е „лингва франка“, заеднички јазик на разбирање за сите етнички заедници во Македонија.

To top