Македонија

Манасиевски: Трендафилов одбива зголемување на платите на административците за 40 % по насока на СДС и Левица!

„Избраникот на СДС кој беше наместен преку Јованка Тренчевска за претседател на ССМ, Слободан Трендафилов, и ден денес продолжува да работи за СДС, а не за интересот на работниците. Трендафилов одбива да им се зголемат платите на работниците во јавниот сектор, затоа што мора да возврати на СДС кои го поставија за претседател на ССМ. Тој заедно со неговите другари ја продолжија послушноста кон СДС, која ССМ ја има историски.“ – нагласи денес Валентин Манасиевски од ВМРО ДПМНЕ.

Манасиевски натаму истакнува: Трендафилов бара зголемување од 5-% на минималната плата, за само една година, а изминатите 7 години во време на СДС, минималната плата вкупно не се зголеми за 50%. Дополнително, ССМ и Трендафилов, не ги слушнавме ниту еднаш да говорат дека во времето на СДС се живееше тешко, со двоцифрена инфлација, со скапи цени по маркетите и со сметки за струја високи до плафон. Тогаш за Трендафилов и ССМ изгледа добро се живеело.

Но, сепак ВМРО-ДПМНЕ е партија која размислува за иднината и доброто на работниците. Единственото моментално решение за зголемување на платите и на минималната плата, а притоа да немаме економска криза, висока инфлација и дупки во буџетите, е зголемување на платите за околу 14% во април годинава, а вкупно околу 40% до 2028 година или во бројка над 10.000 денари би се зголемила платата во администрацијата за само 2 години од денес.

Го повикуваме Трендафилов барем еднаш да ја остави политиката на страна и да размислува за граѓаните и работниците. Да го прифати предлогот на Владата и работниците да добијат зголемени плати. – рече Валентин Манасиевски од ВМРО ДПМНЕ.

Најнови вести од: Македонија

УЈП: Сивата економија ќе се сузбива преку засилена фискализација

Управата за јавни приходи (УЈП) започнува засилени контроли и мерки против даночните обврзници кои вршат деловна дејност и остваруваат промет со готовински плаќања, а притоа немаат регистрирано фискален систем на опрема.

Мицкоски: Реконструкцијата на охридскиот аеродром е историски настан за регионот

Премиерот Христијан Мицкоски денеска присуствуваше на почетокот на реконструкцијата, надградбата и проширувањето на охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“, оценувајќи го настанот како историски за Охрид, охридското крајбрежје и околните општини.

To top