Македонија

Марихуаната од Македонија за Србија „поминала“ како „квалитетни лесни перници“

Софистициран канал за шверц на канабис функционирал под маска на легална трговија со текстилна стока

Софистициран канал за шверц на марихуана од Македонија кон Србија функционирал под маска на легална трговија со текстилна стока. Дрогата била пакувана во пратки декларирани како „квалитетни лесни перници“, со што се избегнувале детални проверки на граничните премини. На документацијата стоката изгледала како обичен производ со ниска вредност и безбедносен ризик, што им овозможувало на организаторите непречено да ја транспортираат, објави емисијата „Код“ на ТВ Телма.

Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција отвори истрага против шест лица поврзани со околу петте тони марихуана пронајдени во Коњух, Србија, кои од земјава излегле преку граничниот премин „Табановце“.

Според „Код“, марихуаната влегла во Србија во камион декларирана како „квалитетни лесни македонски перници од Прилеп“ кои „требало“ да патуваат за Манчестер, Англија. Перниците биле извадени од камионот и претоварени во друг, а првиот камион бил натоварен со кутиите марихуана.

Возач на камионот бил Александар Ивановски, кој сега е притворен, ренесува Плусинфо.

Првоосомничен е сопственикот на скопската фирма „Алфафарм“, Предраг Брковиќ, кој заедно со други засега неидентификувани лица организирал набавка на марихуана и нејзино повеќекратно транспортирање од Македонија до Србија со товарни возила, со цел натамошна продажба.

Според ОЈО ГОКК, Брковиќ им дал насоки на своите вработени за пакување на сув цвет од канабис во вкупна количина од 8.832 килограми, претходно набавен од фирмата „ЦБД Медплант“ од струмичкиот регион.

Во период од околу две недели биле спакувани над 200 кутии, по што првоосомничениот им одобрил колективен одмор на вработените. На 13 јануари 2026 година, во пладневните часови, двајца ортаци, од кои едниот осомничен во Република Северна Македонија, а другиот во Република Србија, организирале пренесување на поголема количина сув цвет од канабис со товарни и патнички возила од објектот на правното лице во Скопје до локација во атарот на Свети Николе.

Од Обвинителството информираат дека првоосомничениот, заедно со други неидентификувани лица, организирал кутиите да бидат натоварени во возилата и во два наврата пренесени до наведената локација.

Клучниот момент, според истрагата, е што товарното возило, кое првично било наменето за превоз на лесни перници, било испразнето и наместо перници во него биле натоварени кутиите со сув цвет од канабис.

Од Свети Николе возилото се упатило кон граничниот премин „Табановце“ и ја напуштило државата, носејќи ја пратката кон Србија.

 

Најнови вести од: Македонија

До Брвеница и по неа

А СДСМ? Во првиот круг во Брвеница нивниот канидат заврши како четврти, по што објавија победа! Падна Александар Вучиќ во Србија, тие повторно прогласија победа. Претходно и во Унгарија исто така беа победници. Сега чекаме да видиме дали ќе прогласат победа и на изборите во САД? Секаде победуваат. Иако, во Македонија никако не сакаат да има избори

Филипче и Заеви си ја обновија лиценцата за бизнисот со струја

Регулаторната комисија за енергетика денеска објави дека, постапувајќи по барање на фирмата ФОС ИМЕРАС, извршила усогласување на правата и обврските утврдени во лиценцата за вршење на енергетската дејност производство на електрична енергија со Законот за енергетика.

Мицкоски на средба со раководството на Дојче Телеком: Дигиталната преобразба и технолошкиот развој – стратегиски приоритети на Владата на Македонија

Претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски денеска заедно со владина делегација во состав на министерот за транспорт и вицепремиер Александар Николоски, министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски како и директорот на ТИРЗ Гоце Димовски, остварија работна средба со Тимотеус Хетгес, главен извршен директор на Дојче Телеком и Доминик Лерој, Член на Управниот одбор на Дојче Телеком, ГИД за Европа.

Блокирани 104 веб-страници за незаконско коцкање преку интернет

Министерството за дигитална трансформација информира дека министерот Стефан Андоновски издал налог до Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) за блокирање дополнителни 104 веб-страници преку кои нелегално се приредуваат онлајн игри на среќа.

Несовесни поединци го претвораат Охридското езеро во депонија на автомобилски гуми, пластични шишиња, текстил, кои се вадени во акција на нуркачи!

Нуркачите од Нуркачкиот центар „Амфора“ го пребаруваа езерското дно на потегот од кампот Градиште до Велидаб и извлекуваа фрлени пластични шишиња, автомобилски гуми, текстил и различен цврст отпад отпад. Проектот е финансиран од Секторот за туризам и локален економски развој на Општина Охрид.

 „Здравје и заштита на здравјето“ наместо сексуално образование

Ревидирана програма за сеопфатно сексуално образование, која сега го носи името „Здравје и заштита на здравјето“ објави Бирото за развој на образованието, на својата официјална интернет-страница

Најнови вести

To top