Македонија

Матните ликови на прославата на американската амбасада за 4. Јули (ФОТО)

Посебна приказна од фотографијата се тажните ликови на сликаните

Екс министерот за надворешни работи и екс вицепремиер за европски интеграции Бујар Османи  кој е најсериозен кандидат за наследник на Али Ахмети на чело на ДУИ завчера ја имаше најматната објава на фотографија во неговата кариера.

 

Политичарот кој е познат по тоа што има најдобри видеа и фотографии на неговите социјални медиуми и кој фрлаше огромна енергија и средства на добар ПР завчера објави матна фотографија на која е заедно со лидерот на ДУИ Али Ахмети и лидерот на фракцијата на Алијансата за Албанците Зијадин Села.

 

,,🇺🇸 На приемот организиран од Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Скопје, по повод Денот на независноста на Соединетите Американски Држави, нашиот најголем стратешки партнер и наш незаменлив сојузник”, стои во објавата на Фејсбук на која едвај се препознаваат ликовите на четворицата сликани.

 

Зошто Османи го спуштил нивото на квалитетни фотографии и објавил фотографија на која неговиот и ликовите на Ахмети и Села засега е нејасно.

 

Посебна приказна од фотографијата се тажните ликови на сликаните луѓе кои од непознати причини не делуваат  највесели на празникот на стратешкиот партнер САД.

Најнови вести од: Македонија

Лекарите ќе евидентираат насилство и кога пациентите молчат

Министерот за здравство Азир Алиу денеска изјави дека лекар ќе може да евидентира во системот „Мој термин“ ако забележи дека некој пациент претрпел насилство. Со години лекарите пријавуваат во полиција доколку кај нив дојде пациент што има знаци на физичко или сексуално насилство, а Алиу вели дека сега ќе го евидентираат тоа и во „Мој термин“.

(Фото): Сиљановска-Давкова го прогласи за отворено 38. издание на Саемот на книгата

Според Сиљановска-Давкова, книгата не нѐ учи само да читаме редови, таа нѐ учи да ги читаме и разбираме времињата нагласувајќи ја нејзината тивка, но длабока и трајна моќ да влијае врз човекот и развојот на неговиот карактер.

To top