Македонија

Мечка нападна човек, тој се здобил со тешки повреди

Веднаш бил пренесен во прилепската болница, а поради сериозноста на повредите подоцна бил транспортиран во клиниките во Скопје

Вчера во атарот на село Рилево, општина Долнени, повозрасен маж бил нападнат од мечка околу 10 часот наутро, додека собирал печурки.

Од нападот тој се здобил со тешки повреди.

Откако бил забележан од ловџии, веднаш бил пренесен во прилепската болница, а поради сериозноста на повредите подоцна бил транспортиран во клиниките во Скопје.

Најнови вести од: Македонија

Кинеска компанија ќе гради фотоволтаични централи во Осломеј и Битола

Според известувањата на Европската банка за обнова и развој ЕСМ кон крајот на јуни потпишала два договори со кинеската компанија, а завршувањето на проектите е предвидено до 13 август 2027 година

To top