Македонија

Меџити: Затворивме важна тема, која ДУИ не ја реши 20 години

Вицепремиерот и кандидат од Вреди за градоначалник на Чаир Изет Меџити им се обрати на градоначалниците на општините, кои доаѓаат од ДУИ, со апел да не ги кочат проектите, што ги започна Вреди како дел од Владата.

„Изет Меџити, кандидатот на Вреди за градоначалник на Општина Чаир, изјави дека не може да се негира дека Вреди успеа да ја демократизира албанската политичка сцена, донесувајќи конкуренција и создавајќи два јасни политички табора. Меџити нагласи дека постојаните заминувања од ДУИ покажуваат дека на оваа партија ѝ се потребни длабоки реформи, кои, според него, ДУИ сега се обидува да ги избегне, камуфлирајќи ги под нови имиња.“ – објави информативниот портал на албански јазик „Актуале“.

Натаму порталот наведува: „Победата на Вреди е победа за албанските граѓани. Донесовме нов дух и нов тим кој денес зборува со еден глас. За локалните избори зборуваме за вистинските проблеми на граѓаните, за канализацијата, за училиштата, за градинките, за инфраструктурата и за младите луѓе, кои сакаат да го стасаат времето.“ – посочи Меџити.

Тој рече дека за време на првата година на оваа влада и учеството на Вреди во неа се постигнати резултати, што може да се споредат со 20 години владеење на ДУИ. Меџити додаде дека Владата и Вреди во неа го го усвоија законот за застапеност за една година, што другите не го направија за 20 години. „Го донесовме Законот за застапеност на Албанците и другите заедници и затворивме важна тема. Не ги делевме општините кога се распределуваше буџетот и сите добиваа средства за реализација на проекти за доброто на граѓаните.“ – нагласи Изет Меџити.

Тој им се обрати на градоначалниците на општините, кои доаѓаат од ДУИ, со апел да не ги кочат проектите, што ги започна Вреди како дел од Владата. „Не ги оставајте проектите по изборите, за да не видат граѓаните колку инвестиции сме донеле во секое населено место. Започнете ги работите и оставете ги луѓето сами да проценат.“ – заклучи во својата изјава Изет Меџити, кандидатот на Вреди за градоначалник на Општина Чаир.

Најнови вести од: Македонија

Откриени бистите на Томас Златков и Александар Стојанов на Градскиот стадион во Кочани

Бистите на Томас Златков и Александар Стојанов верните навивачи на „Сејмени“ на Фудбалскиот клуб „Осогово“ во Кочани, а кои загинаа во пожарот во дискотеката „Пулс“ пред речиси една година денеска беа откриени од страна на нивните пријатели и семејства

Работник починал по пад од висина во Скопје

Работник од кривопаланечко Герман починал по пад од висина во објект во изградба во Скопје. Настанот, како што информира Министерството за внатрешни работи, е пријавен вчера околу 16:30 часот во СВР Скопје, а 59-годишниот работник бил пренесен на Клиника каде околу 17:40 часот починал

МВР: Пријави за семејно насилство во повеќе градови – шест лица лишени од слобода, со две лица извршен службен разговор

На 13.03.2026 година во 21.37 часот во СВР Скопје, 32-годишна жена пријавила дека во домот на подрачјето на Кисела Вода била физички нападната од нејзиниот вонбрачен партнер Д.Б., со кого биле разделени, при што ѝ бил оштетен и мобилниот телефон

Најнови вести

To top