Македонија

Меѓуврсничко насилство: Како да се спречи повредувањето и траумата

Исмејување, објавување понижувачки видеа, булиг, врсничко насиство, овие состојби кај маладите стануваат секојдневие

Исмејување, објавување понижувачки видеа, булиг, врсничко насиство, овие состојби кај маладите стануваат секојдневие. Од училишни дворови до седење по цели денови на телефон, границата помеѓу детска игра некогаш и сега е јасно евидентна. Експертите предупредуваат – младите не се раѓаат насилни туку тие учат од околината. Но,  кога моделите што ги следат се погрешни, последиците се сериозни.

„Начинот на кој што врсниците меѓу себе се однесуваат и начин на кој што многу учат, се до една определена граница. Нели, они ги повторуваат оние работи што ги гледаат возрастните, начинот на кој што ги решаваат проблемите, па им се допаѓа некој, па не им се допаѓа, па имаат различно мислење, до одреден степен, додека тоа навистина, не премине во некоја озбилно наследство, со насилство што е со силни последици“- вели психологот Маја Стојановска.

Според психолозите, последиците од меѓуврсничкото насилство не ги трпат само оние што го доживуваат, туку и оние што го извршуваат. Жртвите може да се соочат со анксиозност, повлеченост и трајни емоционални трауми. Од друга страна, насилниците често влегуваат во систем на казни што може да ги оттурне уште повеќе кон асоцијално однесување.

„Битно да им кажеме на тие што го изтрпеле сето тоа, дека не се виновни, дека тоа не е нивен срам, дека тоа не е нивна вина, дека немаат они ништо удел во тоа. Да, дека тоа се случило, ама не мора да биде центарот на нивниот живот, дека можат да си продолжат понатека да живеат. Големо е влијанието на сето ова и врз младите луѓе кои извршиле некое дело, така да, треба, да, бидат повикани, навистина, треба да поминат низ некој процес, но во исто време да им се помогне да се социјализираат, да се вклопат во општеството.“– вели Стојановска.

Решението, според нив, лежи во раната превенција со помош на тимови од психолози, педагози, училиштата но и родителите.

„Превенцијата е да веднаш во училишата и во градинките, да се работи на тоа, да децата подобро се запознаат себе си, да ја развијат емоционалната интелигенција, да ја развијат способноста за емпатија, да научат комуникациски вештини, како меѓу себе да се дружат, да увидат која е нивната улога во општеството во која што се ноѓаат“- вели Стојановска.

Жртвите на меѓуврсничко насилство не треба да молчат и да се затвораат во себе. Помош можат да добијат,  ако проговорат за проблемот. Од „Млади правници“ ги охрабруваат младите да се обратат до наставниците и психолозите во училиштата.

„Ние целосно ги охрабруваме децата кои не само што се жртви туку и чувствуваат дека можеби се жртви, кои што се двоумат дали тоа што им се случува значи дека се жртви на насилство и на вознемирување, да не го поминуваат тоа сами, туку да се обратат во училиштето или кај некој на кој што тие му веруваат и да побараат помош.“– вели Маја Атанасова од здружението „Млади правници“.

Од таму дополнуваат дека и родителите доколку забелажат дека нешто  се случува  со детето, или доколку отворено им каже дека има проблем, помош можат да побараат и од граѓанските организации, и да добијат совети и инструкции за пријавување на меѓуврсничкото насилство.

Најнови вести од: Македонија

(Фото): Македонија меѓу земјите со најниска цена на струјата во Европа

Македонија со цена на електричната енергија од 11,6 евроценти е во земјите со најниска цена во Европа во првата половина на годинава. Ирска во првата половина на годинава имала највисоки цени на електричната енергија, од 0,39 евра за kWh. Ова го покажуваат податоците на Евростат објавени во серијалот „Statistics Explained“ (Објаснети статистики) посветен на цените […]

Постигнати очигледни конкретни резултати – Сиљановска-Давкова го прими извештајот на ЕУ

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го прими шефот на Делегацијата на Европската Унија, амбасадорот Михалис Рокас, кој ѝ го предаде Извештајот на Европската комисија за напредокот за 2026 година

Наде Проева – жестокиот научен борец против обидите на Грците и Бугарите да им го одземат Македонското сонце-македонскиот идентитет на Македонците!

Во ерата кога историјата повторно се користи како геополитичко оружје, а македонскиот национален, јазичен и културен идентитет е подложен на координиран оспорувачки притисок од соседите, научната оставнина на проф. д-р Наде Проева (1949–2024) светли како незгаслив светилник на маакедонската вистина ширум Балканот и Европа. Како еден од најголемите македонски експерти за античка историја со меѓународен углед, Проева во своето капитално дело „Триптих за македонскиот идентитет“ изнесува сериозна, научно втемелена и методолошки беспрекорна одбрана на македонската посебност. Денес, на 6 номври 2026 се навршуваат две години од нејзината смрт. Ова е соодветна пригода за повторно навраќање кон научното творештво на оваа голема македонска научничка, која на „добрите балкански соседи“ и на политичка Европа со силата на научните аргументи им покажа и им докажа дека никој нема право да му ги оспорува на македонскиот народ неговото исконско, древно македонско национално самосознание и идентитет во име на некакви „повисоки геополитички цели“. Проева остави траен и нескршлив научен аргумент во рацете на идните поколенија за одбрана на правото на македонскиот народ да биде она што е – македонски, свој на своето, на македонското.

Извозот зголемен за 10,8% – најмногу се тргува во земјите на ЕУ, но кои земји се во фокус?!

Во периодот јануари – септември 2026 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, најмногу се тргувало со Германија, Велика Британија, Кина, Грција и Србија. Овие пет земји учествуваат со 49,7 проценти во вкупната размена.

To top