Македонија

Мемов: Вреди го изигра ВМРО-ДПМНЕ во Скопје

Премиерот Мицкоски јавно им кажа – „ние чесно ве поддржавме, плативме огромна цена за таа поддршка и за возврат не побаравме ништо“

Никола Мемов, портпарол на партијата ЗНАМ синоќа на Фејсбук упати критика кон коалицијата ВРЕДИ, поради тоа што тие не го поддржале кандидатот Орце Ѓорѓиевски за градоначалник на Скопје.

„Вреди го изигра ВМРО-ДПМНЕ во Скопје и не гласаа за Орце. Ептен голема грешка… ВМРО го знае тоа и премиерот јавно им кажа – ние чесно ве поддржавме, плативме огромна цена за таа поддршка и за возврат не побаравме ништо. Само почит. Таа почит не ја добивме. И тоа не го забораваме!“ – напиша Мемов.

Објавата на Мемов доаѓа по завршувањето на локалните избори, во време кога се анализираат односите меѓу коалициските партнери и поддршките што (не) се дадоа во клучните градови, особено во Скопје.

Најнови вести од: Македонија

Санкциониран возач на автобус, кој со неисправни сопирачки возел двојно повеќе деца од дозволеното

Министерството за внатрешни работи објави попладнево дека неговата мобилна единица санкционирала правен субјект, одговорно лице и возач на автобус со кој се врши јавен превоз на патници и во кој се утврдени неисправни сопирачки

(Видео): Потпишан меморандум за соработка меѓу ИНОВА и државните универзитети

Поддршка за иновациите, студентите, старт ап бизнисите, зголемување на конкурентноста на македонските компании. Ова треба да го овозможи соработка меѓу агенцијата ИНОВА и државните универзитети. Целта е поквалитетно високо образование и научна истражувачката дејност и подготовка на кадар кој ќе одговори на современите предизвици.

To top