Македонија

Менкиноски за ТВ 24: Од утре стартувам со легална иницијатива против одлуката на Бугарија

Менкиноски го возвраќа ударот на Бугарија

Државата ќе ги искористи сите алатки кои и стојат на располагање за да го заштити секој македонски граѓани, велат од Владата по забраната која адвокатот Тони Менкиноски ја доби за влез во Бугарија во времетраење од 10 години, пренесе ТВ 24.

Адвокатот пак за ТВ 24 вели дека од утре стартува со  како што вели легална и легитимна правна офанзива пред надлежните домашни институции, како и пред релевантните меѓународни механизми за заштита на човековите права, со цел заштита на правото на одбрана и непречено вршење на адвокатската професија.

Денеска доби и поддршка Централниот совет на Македонците во Германија. Тие побараа  итна политичка реакција од Европската комисија, испитување на можноста за покренување постапка за прекршување на правото на ЕУ, доколку се утврди дека адвокат за човекови права е санкциониран од политички причини. Јасна позиција на германската влада, дека мерки против адвокати кои ги застапуваат своите клиенти пред европски судови се неприфатливи во рамките на Европската Унија. Официјален став од засега Софија нема.

Најнови вести од: Македонија

Расте интересот за сметководството: ИСОС со нови иницијативи за младите

Институтот на сметководители и овластени сметководители (ИСОС) изминатиот период спроведе низа активности за подигнување на атрактивноста на сметководствената професија и нејзина промоција меѓу студентите и средношколците

„Стандард и Пурс“ и „Фич“ го потврдија досегашниот кредитен рејтинг на Македонија

Македонија води кредибилни и конзистентни макроекономски политики поддржани преку долгогодишната политика на фиксен девизен курс, подобрите показатели за управуање во споредба со други земји со слични економски перформанси, како и посветеноста на реформи во рамки на процесот на пристапување во ЕУ. Ова го констатира кредитната агенција „Фич“ во последниот извештај со кој земјата го задржа и кредитниот рејтинг ББ+ со стабилен изглед.

Најнови вести

To top