Македонија

Метеоролозите прогнозираат нестабилно време, со пороен дожд, грмежи и ветер

Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно, со пороен дожд, грмежи и засилен ветер на повеќе места низ земјава.

Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно, со пороен дожд, грмежи и засилен ветер на повеќе места низ земјава.

На многу локации процесите ќе бидат поинтензивни, во форма на краткотрајно невреме со пообилни врнежи, силни грмежи, ветер што ќе достигнува над 60 километри на час и услови за појава на град.

Според Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), минималната температура ќе се движи во интервал од 8 до 17 степени, додека максималната ќе достигне од 20 до 28 степени.

Во Скопје, денеска исто така ќе преовладува променливо облачно и нестабилно време, со пороен дожд и грмежи во делови од скопската котлина, придружени со засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 12 степени, а максималната ќе достигне до 24 степени.

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Ставен под контрола пожарот кај селото Грачани, „ер-трактори“ им помагаат на скопските пожарникари

Пожарникарите велат дека ќе успеат да го изгаснат пожарот, притоа изразувајќи благодарност за вклучувањето на двата „ер-трактори“ кои помогнале во запирањето на стихијата на местата кои биле непристапни за екипите кои дејствуваат од земја. Како најтежок од денешните пожари, Ангелов го оцени оној што беснее помеѓу Општина Струга и Општина Кичево.

Изложбен простор „Samsung CONNECT“ се отвара на IFA 2026, носејќи ја иднината на живеењето со помош на вештачка интелигенција

Низ телевизори, дисплеи, мобилни уреди и домашни апарати, „Samsung“ демонстрира како вештачката интелигенција може да донесе практични придобивки и да го направи секојдневниот живот полесен и поинтуитивен.

To top