Македонија

„Ми беше голема чест да го носам ова знаме“: Северина за настапот во Велес со Сонцето од Кутлеш (ВИДЕО)

„Моето срце е врзано со Македонија“, порача хрватската музичка ѕвезда на Инстаграм

Хрватската музичка ѕвезда Северина ѝ се оддолжи на повеќеилјадната публика во Велес со тоа што не го испушти добиеното македонско национално знаме со Сонцето од Кутлеш на настапот во рамките на фестивалот на велешката пита и вино „Питијада 2025“.

„Моето срце е врзано со Македонија и голема чест ми беше ова знаме, кое ми го врачивте, да го носам на грбот. Чувајте ја Македонија!“, објави таа на Инстаграм заедно со видеото од својот концерт (на линкот).

Најнови вести од: Македонија

Советот на Европа го затвори пост-мониторинг дијалогот со Македонија

Пратениците на Паралментарното Собрание одлучија да го затворат пост-мониторинг дијалогот и да продолжат да ги следат случувањата во земјата преку својот механизам за редовен периодичен преглед

To top