Македонија

Мицкоски: Да го повратиме распродаденото од националните предавства на претходната Влада

Продолжуваме да се бориме за нашиот идентитет

Премиерот Христијан Мицкоски, по обвинувањата од опозицијата дека власта се откажала од идентитетот и јазикот, порача дека Владата на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата прави жесток обид да поврати барем малку од она што претходно било распродадено од претходниците, за кои рече дека единствено што правеле биле национални предавства и потпишување на сите документи што им биле ставани на маса.

Продолжуваме, посочи денеска Мицкоски, жестоко да се бориме за нашиот идентитет, за тоа што сме, а не тоа што сакаат да бидеме – некои модерни Македонци кои што говорат модерен македонски јазик.

-Можеби тоа е само во нивната микроорбита на измеќари на туѓи интереси и предавници од највисок ков и тоа се покажа и докажа во минатото. Владата на СДСМ и ДУИ единственото нешто што го правеше, покрај тоа што го знае најдобро – да краде, тоа беа националните предавства и потпишувањето на сите документи што им беа ставани на маса. Станува збор за национално исплакнати луѓе кои освен кариера и да го крадат народот а потоа да уживаат од тоа што го краделе ништо друго не им преостанува. Тоа што го прави оваа Влада на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, е токму жесток обид да се поврати барем малку од она што тие го распродадоа и го вадиме на виделина сето она за кое што досега ако некој имал каква било дилема верувам дека отсега ќе нема, а ние продолжуваме жестоко да се бориме за нашиот идентитет, за тоа што сме, а не тоа што сакаат да бидеме – некои модерни Македонци кои што говорат модерен македонски јазик, рече Мицкоски, на новинарско прашање на настан по повод пуштање булевар во Гевгелија.

Премиерот порача дека нема посвето нешто од тоа да се бориш за својот народ, за своите граѓани, за својата татковина, и да го повратиш, како што рече, тоа што оние претходни квинслинзли за жал, го продадоа за да можат да уживаат во дебелите црвени килими и кожните фотелји и да се богатат на грбот на граѓаните.

-Но, тие нека продолжат со таа политика, а ние ќе продолжиме со политиката на одбрана на македонскиот идентитет и одбрана на интересите на граѓаните и Македонија како држава, рече Мицкоски.

Најнови вести од: Македонија

Конспиративни теории за абортусот во судирот меѓу Јас сум жена и Мрежата за заштита од дискриминација

Мрежата за заштита од дискриминација која во јавноста се смета за блиска на екс министерка за труд и социјала во владата на Зоран Заев, шпекулира во јавноста со Теории на заговор

(Фото): Силно политичко партнерство меѓу Македонија и Црна Гора и засилена економска соработка – Николоски во Подгорица на средба со премиерот Спајиќ

Заменик-претседателот на Владата Александар Николоски е во работна посета на Црна Гора, каде денеска оствари средба со претседателот на Владата на Црна Гора, Милојко Спајиќ. Во фокусот на средбата беа унапредувањето на политичките и економски односи, регионалниот развој и евроинтегративниот процес на земјите од Западен Балкан. Од средбата беше испратена јасна порака дека Македонија и Црна […]

To top