Македонија

Мицкоски до СДСМ: Ако вие се повлечете, друг ќе дојде на ваше место

Запрашан дали СДСМ со неучеството на лидерската средба остава простор Левица да биде главна опозициска политичка партија во Македонија, премиерот Христијан Мицкоски рече дека на политичката сцена и во политичката теорија и пракса празен простор не останува. Ако се повлечете и оставите празен простор некој ќе го запоседне тој простор“, вели премиерот Христијан Мицкоски. „Дали […]

Запрашан дали СДСМ со неучеството на лидерската средба остава простор Левица да биде главна опозициска политичка партија во Македонија, премиерот Христијан Мицкоски рече дека на политичката сцена и во политичката теорија и пракса празен простор не останува.

Ако се повлечете и оставите празен простор некој ќе го запоседне тој простор“, вели премиерот Христијан Мицкоски.

„Дали тоа ќе биде таа политичка партија за којашто вие говорите, дали некоја друга, дали некоја можеби нова, трета, не знам. Но, во суштина, кога вие го напуштате политичкиот простор, тогаш некој друг ќе го запоседне тој простор. Едноставно така функционираат работите во животот“, рече премиерот и додаде дека тие кои добиле довербата од граѓаните треба да се однесуваат зрело.

„ Доколку некои политички партии одлучиле да се однесуваат незрело, тоа е нивен проблем. Доколку мене би ме прашале за совет, мојот совет би бил да се појават на таква лидерска средба и да поразговараме за темите кои што се важни за разговор и за граѓаните“нагласи Мицкоски.

По средбата, додаде Мицкоски, сите присутни дадоа изјава во којашто јасно ја потенцираа конструктивноста и дека на таа лидерска средба изоболувало со квалитет, предлози и мислења.

„Мене како организатор и претседател на Владата тоа ми претставува задоволство. Тоа што СДСМ одлучи да се самоисклучи, тоа е одлука пратпоставувам на актуелното раководство на СДСМ. Повторно ќе кажам, кога мене би ме прашале за совет, јас не би им го советувал тоа, но тоа е нивна одлука“, изјави Мицкоски

Најнови вести од: Македонија

Почина сликарот Илија Пенушлиски

Илија Пенушлиски е роден во Скопје 1947. Дипломирал на Академијата за ликовни уметности во Белград во 1971 година. Во 1972/73 бил на постдипломски студии на институтот „Прат“ во Њујорк и има бројни самостојни изложби во земјава и во странство. Неговата последна изложба, изложба „Градот“, каде за првпат во својата плодна и светска кариера работи со дигитална графика, беше во 2018 во скопската галерија „Акантус“.

Претседателот на МАЕИ, Стерјовски, во посета на Муфтиството на Корча

Од име на Македонците вам и на сите верници во посакувам честит Рамазан Бајрам. Нека овој свет ден донесе мир, благосостојба и хармонија во секое семејство што го слави. Нека надвладее духот на солидарност и разбирање, делејќи ја радоста со оние на кои им е најпотребна, посакал Стерјовски

To top