Македонија

Мицкоски: Додека сум јас премиер, ниту еден бегалски шатор нема да никне во Македонија

Апсолутно ги отфрлам како неточни овие обвинувања.

Апсолутно ги отфрлам како неточни овие обвинувања. Во изјавите од Обединетото Кралство се вели дека неуспешни апликанти ќе праќаат, но за ваква тема воопшто не е разговарано, и да се разговара, ќе бидат одбиени. Додека сум јас премиер, ниту еден бегалски шатор нема да никне во Македонија, рече Мицкоски.

„Ги гледам овие салта и гимнастики кои ги прави опозицијата. Не само што не е вистина, туку за мене претставува чудно во отсуство на било каква идеја, која може да мобилизира или да придонесе во рамките на општестениов живот, вие за таа тема да вадите ваква кампања и тоа против партија од каде почива фундаменталната тема на политиките да се бориме против илегалната миграција“.

Ова го кажа премиерот Христијан Мицкоски, прашан за обвинувањата од страна на опозициската СДСМ за некакви мигранти кои треба да дојдат од Велика Британија. Лидерот на СДСМ Филипче, дури најави и онлајн петиција.

„Јас ги разбирам, немаат идеја, се обидуваат да се мобилизираат и да растураат пердуви. Ние дури најавуваме борба против илегалните мигранти по примерот на „Сејф сити“, ќе развиеме проект „Сејф кантри“, со тоа што нашите граници ќе бидат целосно под мониторинг за да не се случуваат вакви работи. Апсолутно ги отфрлам како неточни овие обвинувања. Во изјавите од Обединетото Кралство се вели дека неуспешни апликанти ќе праќаат, но за ваква тема воопшто не е разговарано, и да се разговара, ќе бидат одбиени. Додека сум јас премиер, ниту еден бегалски шатор нема да никне во Македонија“, рече Мицкоски.

Најнови вести од: Македонија

Почина Волф Ошлис, амбасадорот на македонската кауза: Ако Европа ја изгуби Македонија, ќе се изгуби и себеси!

На 30 август 2026 година германските научни платформи објавија потврдена вест, која е повеќе од тажна за македонскиот народ и Република Македонија: уште на 18 август 2026 година почина професор доктор Волф Ошлис, германскиот и европски македонист со непроценливо значење на неговиот политичко-јазичен македонистички ангажман за македонскиот народ и јазик, за одбраната на националната, идентитетска, јазична, културна и историска засебност и самобитност на Македонците наспроти сите нивни негирања како народ. Неговата реченица: „Нема ништо полесно отколку да бидеш пријател на Македонија. Јас сум тоа од 1975 година…“ ја одразува неговата длабока професионална, но и лична, чувствена врска со македонската кауза, со Македонците и Македонија

Легендарниот македонски војвода Александар Турунџе пред да си стави јамка на вратот на 30.8.1905: Македонија ќе биде слободна!

„Личната трагедија на македонскиот револуционер, ајдутин, четник и војвода Александар Турунџев, кој е предаден на турските власти за 150 златници од свој сонародник, по што бил обесен на Ат-Пазар во Битола на 30 август 1905 година, освен што е симбол на она што многу често провејува низ македонската историја – предавството, многу повеќе е национален херој и симбол на борбата за слобода на македонскиот народ.Погубувањето на Турунџев се одвивало пред бројни сведоци, меѓу кои и неговата сопруга и нивните две малолетни деца, ќерка и син, кои биле принудени немо да го гледаат испуштањето на последниот здив на својот татко.“ – објави Македонската информативна агенција – МИА.

Штип е без вода: Филтер станицата исклучена, поради крајно големата заматеност од синоќешното невреме

Градот Штип од 14 часот е без вода за пиење. Филтер станицата се исклучи од цевководот на хидросистемот „Злетовица“ поради големата заматеност на водата која пристигнува од браната Кнежево, информираше на вонредната прес-конференција директорот на ЈП Исар Штип Александар Арсовски.

ЗНАМ го осудува глорифицирањето на воените злосторства

Движењето ЗНАМ најостро ги осудува воените злосторства случени на поранешните југословенски простори, вклучувајќи ги и хашките случаи во Македонија од 2001г., и секој обид за нивна глорификација, релативизација или оправдување

To top