Македонија

Мицкоски: Државава е веќе консолидирана по затекнатиот распад и пустошот! По изборите следат жестока работа и големи резултати!

„Го расклопија системот парче по парче, како да бил нивни личен имот. Но ние сега градиме систем, што во иднина ќе функционира без оглед на тоа кој е на власт, долгорочно и со коренити промени, затоа што државата не е ничија приватна фирма, туку наш заеднички дом.“ – рече премиерот на Република Македонија и лидер на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски на завршниот митинг во Скопје пред гласањето за вториот круг на локалните избори в недела.

Државава во изминатите година и пол е консолидирана по распадот и пустошот, во која беше затекната при преземањето на власта. Во изминатите месеци се поставени темелите и почнува фазата на резултати, што на граѓаните ќе им донесат подобар живот.“ – порача Христијан Мицкоски на собирот во центарот на Скопје. 

„Ни ја оставија државата во распад и потоната во сиромаштија и затоа беше потребно време, трпение и вера да ги помрднат работите и да почнат да ја исправаат земјата од колената на кои некои ја поставија. Ни оставија институции што не работеа, економија што одеше надолу и која буквално се распаѓаше, сиромаштија која растеше, морал што беше во минус и не само финансиски, туку и идентитетски, долгови и договори, што ги плаќаме сите ние, граѓаните. Минатата власт ја остави државата во пустош. Го расклопија системот парче по парче, како да бил нивни личен имот. Го претворија јавниот сектор во партиска филијала, институциите во неми сведоци, а народот во заложник. – посочи Мицкоски.

Тој истакна дека во минатите денови од кампањата среќавал луѓе „со надежи и сомнежи, доверба и барање за одговорност“. „Нивните пораки мора внимателно да се сфатат и со разбирање и благодарност да се прифатат. – напомна Мицкоски.

„И јас сум свесен дека се огромни обврската, која ја имаме, и одговорноста што која носиме. Затоа што при овие наши средби со граѓани и претставувања програми секој стисок на рака е договор. Договор дека ќе работиме сериозно, посветено и вистински … Најтежок товар, што можеш да го носиш, е довербата на еден народ. Тоа секој политичар треба да го знае, оти народот гледа. Нашата задача не е едноставна. Не само заради ситуацијата, која ја наследивме, туку оти таа е многу поголема. Нашата цел не е само политичка победа, туку обновување на вербата дека Македонија може и мора да биде подобра земја. Иако оди потешко одшто мислевме, сепак основите ги поставивме. Не можевме веднаш да почнеме со екстремно позитивни резултати, моравме прво да направиме темели. Некои мислеа дека тоа ќе оди преку ноќ. Но, темел не се прави од муабет, туку од пот и многу поминати часови на средби, планирања, анализи, патувања, размена на мислења и одлуки. Токму затоа денес можам да кажам: темелот е поставен. Сега, по изборите, почнува фазата на жестока работа и големи резултати. – нагласи лидерот на ВМРО ДПМНЕ и премиер Христијан Мицкоски.

Тој информира дека во наредниот период ќе почнат повеќе од 70 крупни нови проекти – во инфраструктура, енергетика, здравство, образование, земјоделство, култура, технологија, правда и други области, дека ќе има нови училишта, модерни болници, мерки за чист воздух, дигитална администрација и инвестиции што ќе треба да донесат достоинствени плати. Мицкоски изнесе дека ќе почнат „серија конкретни мерки кои ќе го подобрат животот на луѓето, ќе ја зацврстат економијата и ќе донесат подобро во секој дом“.

„Да, животот е скап, секој ден е борба со сметки, со гориво, со кирија. Но нема да чекаме да се намалат цените сами од себе. Ќе создадеме услови, за повеќе пари во џебот, за поевтино живеење, за повеќе можности. Мора да ја направиме државата сојузник на граѓаните, а не непријателски систем, што е гнил кој ги предизвикува да се иселуваат. Ниту еден млад човек нема да биде оставен без шанса за дом. Ниту една мајка нема да мора да избере меѓу кариера и семејство. Ниту еден бизнис нема да пропадне, затоа што државата му стои на пат. Тоа е вистинската промена. Ова не е фантазија, ова е план. Затоа го градиме системот, што во иднина ќе функционира без оглед на тоа кој е на власт, долгорочно и со коренити промени, затоа што државата не е ничија приватна фирма, туку наш заеднички дом. – рече Мицкоски на собирот во центарот на Скопје.

Тој потсети дека кога актуелната Влада ја презеде власта приоритет беше да се консолидира државата, а бидејќи веќе се поставени темелите, сега, рече, почнува фазата на резултати, при што нагласи: „Таа фаза не може да започне без жестока и правична борба против корупцијата“.

„Да бидам кристално јасен: борбата против корупцијата не е слоган. Таа е тест за нашата совест и легитимитет. Ќе има еднаквост пред законот и одговорност за злоупотреба, без оглед на функција, партија или препорака. Држава без доверба е куќа без темел. А доверба нема без правда. И ова е нашиот завет. Корупцијата е најскапата даночна стапка во оваа земја. Кога ја уриваш, ги ослободуваш парите за градинки, училници, возила за брза помош, лаборатории, локални патишта, нови болници и услуги. Затоа мора сите заедно да се бориме жестоко.“ – рече Мицкоски.

За опонентот СДСМ тој кажа дека е партија што „опадна на 125 илјади гласови“ затоа што, рече, „кога политиката станува себична, народот ги затвора вратите“ и „тоа е училиште за сите нас како не треба“.

Најнови вести од: Македонија

Аларм: Децата без око да им трепне си купуваат цигари како да се мастики

Ново истражување за употреба на тутун кај младите покажува системски недостатоци на повеќе нивоа – од висока достапност на цигарите во продавници и киосци, каде што основците меѓу шесто и деветто одделение можат да набават тутун без поголем проблем, па сѐ до висока изложеност на децата на чад внатре и околу училиштата.

Одложена седницата на работната група за реформи во изборното законодавство, материјалите не биле преведени на албански јазик

Денес не се одржа конститутивната седница на работната група за реформи во изборното законодавство, поради барањето на дел од албанските партии да бидат преведени материјалите.

Мисајловски: Службата на „Волците“ е симбол на непоколеблива решителност и врвна подготвеност, но и заклетва, чест и љубов кон Македонија!

„Специјалните сили ‘Волци’ се симбол на непоколеблива решителност и врвна подготвеност. Тие се први кога е најпотребно, најсилни кога е најтешко и најодлучни кога татковината бара сигурност и заштита. Со беспрекорна обученост, тимски дух и силно чувство за должност, секојдневно ја потврдуваат својата елитна позиција во македонската Армија. Вашата служба не е само професија, таа е заклетва, чест и љубов кон Македонија. Благодарение на вашата пожртвуваност, нашите граѓани се чувствуваат безбедно.“ – објави на својот фејсбук-профил министерот за одбрана на Република Македонија Владо Мисајловски.

To top