Македонија

Мицкоски: ДУИ и Левица имаат таен договр во Струга

Тоа е договор којшто токму овде во Струга има за цел да нанесе директна штета на стружани

Ова се локални избори каде што се одлучува за местото на вашето живеење за патот по кој одите, за училиштето во кое учи вашето дете, внук, за тоа како живеете, за парковите по кои шетате, но ова не се само обични локални избори, туку ова се избори во кои што се испраќа силна порака за политичката волја овде во Струга, во преубавиот град на Дрим, рече во своето обраќање претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Во основа имаме два избори, едниот избор е изборот да одиме сите назад, дасе вратиме кон темното минато на криминалот, корупцијата, тендерите, распаднатата и одземена држава, а со другата опција, односно другиот пат е оној во кој што бирате чесни кадри, опција која го дава последниот атом сила да успееме и да се спротиставиме на трулиот систем кој што го наследивме, истакна Мицкоски.

Мицкоски потенцираше дека на оваа раскрсница ќе има многу искушенија и тајни договори.

Едниот од тие тајни договори, за којшто вчера зборував е оној којшто го има политичката партија ДУИ и Левица. Тоа е договор којшто токму овде во Струга има за цел да нанесе директна штета на стружани. На сите оние стружани коишто длабоко во себе чувствуваат немир, револт и се згрозени од она повеќедецениско владеење на ДУИ во Струга. Која е целта на тој таен договор и која е целта на оваа коалиција? Прво, да направи дисипација на анти ДУИ гласовите, да ги подели стружани, а како тоа ќе го направат? Со тоа што истакнаа кандидат којшто како велеа на изобрите во 2021 година – Ако сте кандидат за градоначалник тогаш логично е да си дадете оставка! Но видовме дека кандидатот на Левица не си даде оставка од собранието. Како можеме на човек којшто на почеток од кампањата не ја говори вистината да му веруваме дека има чесна намера, рече Мицкоски.

Мицкоски рече дека ваквите тврдења може со докази да ги поткрепи, дека тајниот договр со Левица има за цел да го оддржи ДУИ и во следните четири години.

Најнови вести од: Македонија

Зошто во Македонија не може да се забрани користење на социјалните мрежи за малолетници до 15 години?!

Не бегаме од тоа да се менува законот за да имаме ваква можност, но опасноста е многу голема кога државата ќе реши да забранува одредени алатки за определена група луѓе. Тоа треба да го чуваме како последна мерка во можностите, а прва мерка се превенција и родителска контрола, велат од Владата.

Граѓаните со душа чекаат нормален паркинг на Клиника, оти со саати кружат барајќи место

Нема повеќе никакви пречки да се градат катни гаражи во кругот на клиничкиот центар „Мајка Тереза“. Владата, на последната седница, донесе одлука за решавање на проблемот со паркирањето во Клиничкиот центар. Според Владата, со оваа одлука се создава правна основа за потпишување договор меѓу Министерството за здравство и Градот Скопје.

Трендафилов се претставува како жртва, а зема плата од скоро 1.000 евра, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ

Од пратеничката група сметаат дека Слободан Трендафилов ќе остане запаметен како „синдикалец“ кој нема склопено ниту еден договор корисен за македонскиот работник во текот на целиот негов мандат. Сметаат дека нападот врз Стојаноска е само доказ за немоќта на еден функционер кој го изгубил компасот и велат дека Трендафилов треба веднаш да си поднесе оставка и наместо да глуми жртва по медиуми, да подготви одбрана пред истражните органи за своето расипништво.

За пратениците на ВМРО-ДПМНЕ видеото со децата на Трендафилов не е напад врз семејство

За пратениците на ВМРО-ДПМНЕ објавеното видео не е напад, туку „огледало во кое Трендафилов не може да се погледне“, а „нападот“ врз Стојаноска бил само доказ за немоќта на еден функционер кој го изгубил компасот и кој кога нема аргументи, се служи со навреди и етикетирања.

(Фото): Претседателот на ССМ, Трендафилов, бара истрага – вели: „Ми ги следат децата“

Во пресрет на блокадата од страна на ССМ кон бизнис секторот, а во врска со барањата за минималната плата и повисоки плати на работниците, претседателот на ССМ Трендафилов побара сите надлежни институции да реагираат на објавата на пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојановска. Трендафилов бара кривичен прогон за лицата кои ги следеле неговите деца.

To top