Македонија

Мицкоски: Кампањата речиси завршува, а Венко не сопре со црна кампања

Венко е свесен дека тоне – вели Мицкоски

Христијан Мицкоски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, имаше свое обраќање на денешниот народен митинг во Пробиштип, во рамки на изборната кампања со слоган ,,Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“, за претстојните локални избори. Мицкоски се осврна на како што вели тој, неформалната коалиција за локалните избори составена од СДСМ, ДУИ и Левица, кои се обединети од желбата за власт и омразата кон ВМРО-ДПМНЕ. Според него, на овие локални избори тие настапуваат со црна кампања, а не нудат никакви проекти, никаква визија ниту стратегија.

,,Кога зборувам за нашите противници зборувам за една непринципиелна коалиција, која што е составена од во суштина три политички партии, која што се обединила поради две главни причини, првата е желбата за власт, по било која цена. И втората е, патолошката омраза која што ја имаат кон ВМРО-ДПМНЕ. Тоа е коалицијата на СДСМ, на ДУИ, и политичката партија Левица. На некои места, оваа коалиција е формална, на некои полуформална, но во суштина, тоа е тој опозициски блок, кој што на овие избори излегува тотално без никаква програма“, вели Мицкоски.

Мицкоски истакна дека опозициската СДСМ за претстојните локални избори не нуди ниту проекти, ниту визија, туку само се фокусира на црна кампања уште од првиот ден.

,,Од првиот ден, заклучно со денеска, ние не слушнавме ниту еден проект, не слушнавме никаква визија, никаква стратегија, од нив не слушнавме како планираат и каде планираат да ја водат Македонија. Од нив слушнавме само три, условно кажани, политички пораки во оваа кампања. Првата е, црната кампања која што ја водат од првиот ден, па се до ден денес. Против мене се разбира најмногу и против ВМРО-ДПМНЕ. Втората политичка порака која што ја испратија е дека тие се политички наследници и претставуваат континуитет на тоа што претставуваше влада 7 години во Македонија, коалиција СДСМ-ДУИ. Третата политичката порака е дека тие се грижеле и се бореле за нашиот дом“, истакна Мицкоски и додаде:

,,Црната кампања наспроти целата теорија и целата пракса, започна од првиот ден во оваа кампања. Ние немаме емитувано ниту еден негативен спот. А, веќе завршува кампањата во првиот круг. Ниту еден негативен спот“.

Мицкоски истакна дека, иако има многу причини да се потсетат граѓаните на неуспесите на претходната влада, ВМРО-ДПМНЕ избира позитивна кампања фокусирана на проекти и иднината.

,,А верувајте, имаме таква инспирација да ги потсетиме граѓаните, за тоа што го работеа 7 години, што ако почнеме рано наутро малку ќе ни биде еден ден сето она лошо што го направија додека 7 години беа влада. Но, рековме не. Ние сакаме да бидеме Влада која што ќе се обиде да ја врати надежта кај луѓето, и сакаме да зборуваме за убави работи, за проекти, да зборуваме за иднина. Сакавме тоа да го доближиме до граѓаните. Што е тоа што ние го сработивме. И што е тоа што ќе го сработиме. А тие, со ад хоминем напади, со ниски страсти. Прво ми посакаа, ќе било штосно ако го виделе моето тело распарчено и спакувано во куфер, за да потоа претседателот на СДСМ, претпоставувам инспириран, бидејќи неговиот политички гуру седеше во првиот ред, во еден занес, кажа дека тие нас не не мразеле туку не презирале. Тоа претпоставувам треба да е степен над омраза, барем според нивната филозофија. Инаку, човекот е педагог, редовен професор на факултет, кој што пледира утре да ја води државата. Тоа е тоа што го нуди СДСМ на овие избори“, заклучи Мицкоски.

Најнови вести од: Македонија

Кандидатот за претседател на Студеничани од Вреди Бислими: ДУИ ги измамуваа жителите, но јас ќе го решам проблемот со водата за пиење!

„Кандидатот на Вреди за претседател на општина Студеничани Седат Бислими преку фејсбук порача дека проблемот со водата за пиење ќе биде прв приоритет на неговото локално владеење, ако ја добие довербата на граѓаните.“ – објави информативниот портал на албански јазик „Алфакс“. Натаму порталот наведува: „Сите знаеме што се ветува со години во нашата општина, особено […]

СДСМ не нуди ниту проекти, ниту визија – туку се фокусира на црна кампања уште од првиот ден, рече Мицкоски

Мицкоски се осврна на тоа што го зборува Венко Филипче, при што додаде дека не може да поверува дека тоа го слуша за што нема ни логично објаснување зошто вака зборува, како човекот да е нов и како прв пат да се занимава со политика, а заборава дека беше главна перјаница заедно со неговиот ментор и гуру, Зоран Заев во претходните влади на СДСМ кога се ограбуваше и уништуваше Македонија.

Силјановска-Давкова: Словачка е еден од нашите најлојални и најпосветени поддржувачи на европската интеграција

Претседателката Силјановска-Давкова изјави дека нашата надворешна и безбедносна политика, која, како што рече, е признаена од сите членки на ЕУ и од сите нивни институции и функционери во ЕУ, е целосно во согласност со онаа на ЕУ.

Најнови вести

To top