Македонија

Мицкоски: Многу сме пред Албанија на патот за ЕУ

Кога ќе се анализира која е спремнаподготвена, тогаш Црна Гора е прва, Македонија и Србија на второ место, па потоа следуваат Албанија, БиХ

Премиерот Христијан Мицкоски рече дека не се согласува со констатацијата од некои еврокомесари дека Албанија е пред Македонија на патот кон ЕУ коментирајќи го извештајот на Европската комисија за Македонија.

„Да ги направиме уставните измени најдобро ќе биде, и потоа да добиеме вето и нови проблеми, и тогаш ќе добиеме петка“ рече Мицкоски.

„Исклучително сум задоволен од Извештајот затоа што нема уназадување. Има стагнација на неколку области, и затоа се потребни промени во судскиот совет и обвинителството, и сега после изборите многу сериозно ќе се занимаваме со таа тема.

Генерално можам да го оценам како добар, но не можам да се сложам со констатацијата дека некои земји се пред нас кон ЕУ. Ние сме многу пред Албанија, иако некои од еврокомесарите изјавуваа тоа што изјавуваа, така да кога ќе се анализира која е спремна земја, Црна Гора е прва, Македонија и Србија на второ место, па потоа следуваат Албанија, БиХ“, кажа Мицкоски.

Премиерот дополни дека сега после изборите, владата ќе се позанимава со реформи во судството.

Најнови вести од: Македонија

Преговорите за решавање на проблемот на транспортерите за влез и излез од ЕУ се одвиваат добро, вели Николоски

Министерот за транспорт Александар Николоски вели дека преговорите за решавање на проблемот на транспортерите по воведувањето на ЕЕС системот за влез во ЕУ одат добро и оти до 30 септември кога тој треба да почне да се применува за македонските транспортери има време да се завршат сите процедури

Ѓорѓиевски: Се комплетира првата фаза од булеварот „Македонија“, со кој Скопје ја добива првата подземна сообраќајница

Се поставуваат последните слоеви асфалт на потегот од Стара Рампа до семафорите кај Црвениот Крст, на еден од најзначајните, но и за мене особено важни инфраструктурни зафати во градот, булеварот „Македонија“, објави денеска градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски на својот фејсбук профил

По повод Цветници црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Дебар преполна со верници од сите делови на државава

Црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Дебар беше претесна да ги прими повеќето стотици верници, кои ги имаше од сите делови на нашата држава, кои пристигнаа по повод празникот на влегувањето на Господ Исус Христос во Ерусалим – Цветници, како најава за конечниот триумф на животот над смртта

Денеска е Цветници – Влегување на Исус Христос во Ерусалим

Православните христијани денеска го слават празникот Цветници познат уште и како Цветоносна недела и Врбица. Овој празник ја одбележува последната недела пред почетокот на Исусовите страдања, смртта и Воскресението

Најнови вести

To top