Македонија

Мицкоски: На овие избори имаме две опции, трета не постои

Анализирајте што направија, буквално ќе видите дека освен жесток грабеж, предавство и понижување на македонскиот народ и Македонија како држава, ништо не испорачаа и ништо не направија

Секои избори се можност да испратиме и политичка порака во која вие граѓаните ќе знаете што можеме да очекуваме во  годините кои следат, како Владата планира да работи, но истовремено и нашиот политички противник треба да слушне порака за да извлече поука за грешките што ги правеа во минатото,затоа што тие грешки што ги правеа ги доведоа во оваа положба во која се денес, истакна премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски од митингот во Маврово Ростуше.

Тој порача дека оваа општина ќе ја има неговата лична, но и владината поддршка за реализирање на проектите и ја побара довербата за кандидатот за градоначалник Онер Јакуповски од владејачката коалиција и за мнозинство во советот.

-На овие избори имаме две опции. Секој кој мисли дека има трета опција се лаже. Едната опција е една коалиција која во дел од општините делува формално, во некои е полуилегална или неформална, а во други делува стихијно. Но во суштина се заедно и нив ги поврзаа две работи на овие избори – желбата за власт и големата омраза кон ВМРО-ДПМНЕ. Тоа се двете работи кои ја собраа коалицијата СДСМ, ДУИ и Левица, да ни бидат противници. Втората опција е коалицијата која ја предводи ВМРО-ДПМНЕ, рече Мицкоски.

-СДСМ настапува со слоганот „Да се бореле за домот“. Тие имаа 7 години можност да се борат за својот дом наречен  напата татковина Македонија. Анализирајте што направија, буквално ќе видите дека освен жесток грабеж, предавство и понижување на македонскиот народ и Македонија како држава, ништо не испорачаа и ништо не направија. И затоа сега се прашуваме на кој дом мислат. Дали мислат на вилата на Халкидики, хациендата во Дубаи или мислат на скапите глисери на кои ги видовме како уживаат во раскошен елемент, рече тој.

Мицкоски оцени дека секоја порака од СДСМ е исполнета со лага, невистина, црна кампања.

Најнови вести од: Македонија

Откриени бистите на Томас Златков и Александар Стојанов на Градскиот стадион во Кочани

Бистите на Томас Златков и Александар Стојанов верните навивачи на „Сејмени“ на Фудбалскиот клуб „Осогово“ во Кочани, а кои загинаа во пожарот во дискотеката „Пулс“ пред речиси една година денеска беа откриени од страна на нивните пријатели и семејства

Работник починал по пад од висина во Скопје

Работник од кривопаланечко Герман починал по пад од висина во објект во изградба во Скопје. Настанот, како што информира Министерството за внатрешни работи, е пријавен вчера околу 16:30 часот во СВР Скопје, а 59-годишниот работник бил пренесен на Клиника каде околу 17:40 часот починал

МВР: Пријави за семејно насилство во повеќе градови – шест лица лишени од слобода, со две лица извршен службен разговор

На 13.03.2026 година во 21.37 часот во СВР Скопје, 32-годишна жена пријавила дека во домот на подрачјето на Кисела Вода била физички нападната од нејзиниот вонбрачен партнер Д.Б., со кого биле разделени, при што ѝ бил оштетен и мобилниот телефон

Најнови вести

To top